Соопштенија

Основното јавно обвинителство Битола ја истражува причината за сообраќајната несреќа кај Демир Хисар

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место за случената сообраќајна несреќа во близина на Демир Хисар, кога автобус со скопски регистарски таблички излетал од патот.

Надлежниот обвинител ги презема сите потребни дејствија за расветлување на настанот. Прибрани се материјални докази и траги од местото, извршено е скицирање и фотографирање, издадени се натамошни Наредби за вршење на потребни вештачења со цел утврдување на причините за случената сообраќајна несреќа.

Во несреќата девет лица се здобија со телесни повреди, а едно лице – возач на автобусот со тешки телесни повреди.