Соопштенија

Основното јавно обвинителство – Гостивар го заврши подигнувањето на коските од пештерата „Череп“

Основното јавно обвинителство – Гостивар, кое раководеше со стручен тим составен од археолози, антрополози и спелеолози, денеска ги подигна сите човечки остатоци од пештерата помеѓу селата Тајмиште и Бачишта (кичевско), над Бачишка река.

Од оваа пештера позната под името „Череп“, во првото собирање на почетокот на септември, беа подигнати околу 19, а денеска во продолжението на дејствијата уште 40-тина черепи и други остатоци.

Сите пронајдени остатоци се пренесени на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје, каде ќе биде извршена нивна обработка.

За сите детали кои ќе бидат утврдени со анализата, Основното јавно обвинителство – Гостивар ќе ја информира јавноста.