Соопштенија

Основното јавно обвинителство Струмица ги испитува причините за пожарот во гаражата на Судот

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица изврши увид во гаража на Основниот суд во Струмица каде попладнево избувна пожар. Според првичните сознанија, опожарено е едно службено возило на судот, како и предмети одземени со правосилни судски пресуди донесени пред повеќе години.

Во насока на утврдување на причините за пожарот, издадена е наредба за прибирање на траги од лице место, како и за прегледување на снимките од видео надзорот над објектот.