Соопштенија

Основното јавно обвинителство Велес истражува разбојништво

Основното јавно обвинителство Велес издаде Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Разбојништво од чл.237 од Кривичниот законик.

Лицето е осомничено дека со фантомка на главата на 02.02.2018 година влегло во куќа кај жена на возраст од 80 години и и вперило пиштол, барајќи пари. Жената му рекла да си оди и дека нема пари. Во тој момент, осомничениот го исекол кабелот од фиксниот телефон и ја врзал жената. Од ташна во плакарот одзел 9000 денари и си заминал. Жената успеала да се ослободи и да се јави во полиција.

Лицето е лишено од слобода, по што е извршено и препознавање од страна на оштетената. По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, судија на претходна постапка на осомничениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.