Соопштенија

Осуммина обвинети во Штип

Основното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против осум лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.

Седум обвинети не ги почитувале одлуките и мерките на Владата на Република Северна Македонија со кои се забранува движење на населението на територијата на државата, па со возило или пеш се движеле низ Штип и Пробиштип. Со тоа, секој од нив, во одделни кривично правни настани, не постапил согласно прописите за сузбивање или спречување на опасната заразна болест предизвикана од коронавирусот, поради која е прогласена пандемија. За овие обвинети, обвинителството му предложи на судот да им изрече парични казни во висина од по 50 дневни глоби , секоја дневна глоба во висина од по 10 евра во денарска проиввредност.

Едно обвинето лице на 10 април го напуштил својот дом во кој требало да се придржува на задолжителната самоизолација. Имено, лицето било задолжено да биде во самоизолација откако имал ризичен контакт со друго лице позитивно на коронавирусот. Но, овинетиот го напуштил живеалиштето за да појде до банкомат.

Основното јавно обвинителство прдложи на обвинетиот да му биде изречена парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 30 евра во денарска противвредност.​