Соопштенија

Отворена истрага за изнуда во обид

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Изнуда, предвидено и казниво согласно член 258 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Пријавениот во текот на месец ноември 2018 година упатувал сериозни закани преку телефон на оштетена, тврдејќи дека поседува документи со кои би можел да го извади од притвор нејзиниот сопруг.

За да и ги достави тие документи, осомничениот од неа барал да му исплати сума од 150 илјади евра, а истовремено и се заканувал дека доколку пријави ќе постави бомба и дека „ќе биде лошо за неа и за нејзините внуци“.

Притоа, осомничениот го искористил фактот што извесен период во текот на 2018 година работел како личен возач на нејзиниот сопруг и имал доста информации за животот на оштетената и нејзините блиски.

Осомниченото лице е лишено од слобода и ќе биде изведено пред судија на претходна постапка.