Соопштенија

Истрага за насилство врз семејство во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека ги сторило кривичните дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 и Насилство од член 386 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 36-годишник, на 2 август, на булеварот „Никола Карев“ … Повеќе

Татко и син осомничени за насилство во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица, татко и син од Скопје, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело –  Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени, на 28 јули, во угостителски објект на булеварот „Словенија“ во Скопје, додека биле на семејна … Повеќе

Скопјанец осомничен за загрозување на сигурноста и за обид за убиство на сопствениот син

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 43-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 и во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Во исто време, надлежниот обвинител презеде … Повеќе

Поведена истрага против лицето одговорно за оштетување на 18 автомобили во катна гаража

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 48-годишник, на 22 јули, во алкохолизирана состојба, во катната гаража наспроти Трговскиот центар … Повеќе

Поднесено обвинение за убиството на Денис Тот

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против три лица за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Обвинетите, на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. По кратка … Повеќе

Соопштение

Поради интересот на јавноста, Јавното обвинителство појаснува дека денеска беше поведена постапка за едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност поради учество во инцидентите кај плоштадот Скендербег на 6 јули, за што јавноста беше известена со денешното соопштение. Истовремено, веќе се води постапка против уште едно лице кое е обвинето дека пукало со … Повеќе

Постапки за учесници во инцидентите за време на протестите во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. На 6 јули, кога толпата учесници на јавен собир се приближиле кон плоштадот „Скендербег“ во Скопје, осомничениот бил дел од група граѓани … Повеќе

Поднесени обвиненија за инцидентите за време на протестите во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведената претходна постапка, денеска до надлежниот суд поднесе обвинителни предлози против вкупно 12 лица, од кои 9 се обвинети за кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 став 1 од Кривичниот законик, а три лица се гонат за  – Предизвикување општа опасност согласно … Повеќе

Предложен притвор за три лица осомничени за инциденти за време на протестите во Скопје

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност по  член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 6 јули, на платото пред плоштадот „Скендербег“, со општо опасно средство – пиштол … Повеќе

Осуммина осомничени за учество во толпа пред Собранието

Основното јавно обвинителство Скопје, во врска со настаните пред Собранието на Република Северна Македонија на 5 јули, поведе постапка против осум полнолетни лица, за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, … Повеќе

Предложен притвор за дилер на марихуана од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишно лице осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик Осомничениот најпрвин набавил семе и засадил канабис во саксии во неговиот дом. Растенијата ги одгледувал … Повеќе

Словенец осомничен за поседување дрога и за кражба на велосипед во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен словенечки државјанин осомничен за кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1, како и Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. На 4 јули, пред … Повеќе

Кокаин и марихуана пронајдени кај скопјанец, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во дрвен плакар на поткровјето од зградата во која живее, осомничениот … Повеќе

Поведени истраги против две лица за пронајдена дрога во подрумски простории во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредби за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Кај првиот осомничен, на 21 јуни била откриена наркотична дрога – кокаин со вкупна … Повеќе

Расчистена кражба на уметнички слики, предложен притвор за едно лице

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице на возраст од 33 години осомничено дека сторило продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 26 и 27 јуни, два пати влегувал во книжарница на улицата „Ѓуро Стругар“ во Скопје, … Повеќе

Скопјанец осомничен дека тешко ја повредил сопствената мајка при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 31-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 21 јуни во вечерните часови, во семејниот дом на улицата „Дебарца“ во Скопје, осомничениот при вршење семејно насилство со умисла тешко телесно ја повредил … Повеќе

Тројца осомничени за злоупотреби и фалсификувања при регистрација на автомобили во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, од кои првиот е осомничен за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека другите двајца за продолжени кривични дела – Фалсификување исправа од член 378, … Повеќе

Предлог за притвор за косовски државјанин кој давал поткуп на полициски службеници на Блаце

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против косовски државјанин за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Давање поткуп од член 358 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 56-годишник, утринава бил лишен од слобода на граничниот премин „Долно Блаце“, при излез од земјава кон Република Косово, кога им дал поткуп од 50 … Повеќе

Предложен притвор за дете во судир со законот за кое постои сомнение дека предизвикало тешка сообраќајка во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави Барање за поведување подготвителна постапка спрема дете во судир со законот на возраст од 16 години за кое постои основано сомнение дека извршило дејствие кое со закон е определено како кривично дело – Тешки дела против безбедноста на … Повеќе

Скопјани осомничени дека вршеле изнуда со мачета

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Изнуда од член 258 став 2 од Кривичниот законик. Со употреба на сила и сериозна закана со опасно орудие – мачета и на особено насилен начин, тие присилиле едно … Повеќе