Соопштенија

Обвинение за учество во толпа која извршила кривично дело

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 19-годишник од селото Стајковци, на 26 февруари, за време на јавен собир на граѓани, заедно со други идентификувани и … Повеќе

Поведена постапка против едно лице за учество во насилна толпа

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 19-годишник од селото Стајковци, на 26 февруари, за време на јавен собир на граѓани, заедно со други идентификувани и неидентификувани … Повеќе

Истрага заради пронајдено оружје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице на возраст од 47 години, за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 27 март 2021 година, … Повеќе

Истрага за пронајден метадон и ампули диазепам

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 25 март, во својот дом на улицата „Ордан Чопела“ во Гази Баба неовластено заради продажба држел … Повеќе

Обвинение за недозволено поседување пиштол и куршуми

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи согласно член 396 став 1 од Кривичниот законик. На 17 март, во својот дом во селото Рашче, обвинетиот 34-годишник држел полуавтоматски пиштол Застава М57 со калибар 7,62Х25 мм и 25 … Повеќе

Против вкупно пет лица поведени постапки за нарушување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнен налози против четири лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите биле затекнати како се движат на различни локации низ градот за време на полицискиот час, определен како мерка за превенција и … Повеќе

Турска државјанка обвинета за употреба на фалсификуван бугарски пасош на скопскиот аеродром

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 19-година државјанка на Република Турција за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 16 март, на Меѓународниот аеродром Скопје, при обид да ја помине пасошката контрола за летот кон Лондон-Лутон, таа употребила … Повеќе

Обвинение за скопјанецот кој изврши семејно насилство врз своите родители

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 49-годишно лице кое се товари дека сторил продолжено кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во семејниот дом на улица „Њуделхиска“, на 18 март, обвинетиот со умисла извршил две временски … Повеќе

Кочанец обвинет за употреба на фалсификуван ПЦР тест

Против 46-годишен жител на Кочани Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог за издавање казнен налог, бидејќи сторил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик. На 14 март, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, обвинетиот се обидел да излезе од државава употребувајќи лажна потврда за негативен ПЦР тест … Повеќе

Скопјанец телесно ги повредил сопствените родители, побаран притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во семејниот дом на улица „Њуделхиска“, на 18 март, осомничениот при вршење семејно насилство телесно ги повредил неговите родители. Манифестирајќи … Повеќе

Истрага за пронајдено оружје и муниција во Рашче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи согласно член 396 став 1 од Кривичниот законик. На 17 март, во својот дом во селото Рашче, осомничениот 34-годишник држел полуавтоматски … Повеќе

Доставен предлог за примена на санкција против дете-учесник во сообраќајна несреќа со тешки последици

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Советот за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за примена на санкција спрема дете во ризик постаро од 14 години, кое извршило дејствија кои со закон се определени како кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член … Повеќе

Деветмина во Скопје обвинети за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно девет лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, во различни кривично-правни настани, во периодот од 10-14 март не го почитувале полицискиот час, па за време … Повеќе

Жител на Желино осомничен за две разбојништва во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Желино за кого постои основано сомнение дека сторил две кривични дела – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 28 февруари, осомничениот и уште едно засега непознато лице влегле во такси возило на … Повеќе

Тројца обвинети за користење лажни ПЦР тестови за да ја напуштат државава

Против двајца турски и еден швајцарски државјанин Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителни предлози заради кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик. Во одвоени кривично-правни настани, обвинетите го сториле делото така што на пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, прикажале лажни потврди за негативни ПЦР … Повеќе

Поведена постапка заради пронајдена дрога во патна торба

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 52-годишен жител на Битола, поради постоење основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При извршен преглед од службени лица на 11.3.2021 година, … Повеќе

Едно лице обвинето за оддавање службена тајна

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за продолжено кривично дело – Оддавање службена тајна согласно член 360 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во повеќе наврати во текот на јули 2020 година во Скопје, обвинетиот, на возраст од 56 години, и … Повеќе

Предложени парични казни за употреба на фалсификувани потврди за ПЦР тестови

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 12 лица заради кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик. Во одвоени кривично-правни настани, обвинетите го сториле делото така што на пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, прикажале лажни потврди … Повеќе

Поднесено обвинение за недозволено поседување дрога и муниција

По  спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се гони за кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  од член 215 став 1 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 … Повеќе

Шест лица обвинети за употреба на фалсификувани потврди за негативен ПЦР тест

Петмина македонски и еден турски државјанин се обвинети за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик. Според обвинителните предлози поднесени од Основното јавно обвинителство Скопје, обвинетите го сториле делото при обид да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија, кога на пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје прикажале лажни … Повеќе