Соопштенија

Еден обвинет за пронајдени дрога, оружје и муниција во гаража во Сингелиќ

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 27 – годишен жител на с.Сингелиќ, кој се товари дека во соизвршителство ги сторил кривичните дела  – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 и … Повеќе

Поднесено обвинение за уцена

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Уцена од член 259 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 28-годишник, во периодот од 21 до 31 јануари, преку мобилната апликација Вибер, побарал од една оштетена да му даде 1.500 евра за да не објави нејзини фотографии … Повеќе

Тројца скопјани под истрага за разбојништво

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 31 јануари, тројцата осомничени влегле во спортска обложувалница на улица „1613“, покажувајќи пластичен пиштол се заканиле дека … Повеќе

Еден осомничен за телесна повреда при семејно насилство врз неговата мајка

Против едно 34-годишно лице Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 1 февруари во вечерните часови, по претходна вербална расправија во семејниот дом на улицата „Ѓорги Крапчев“, осомничениот при вршење семејно насилство телесно ја повредил сопствената … Повеќе

Двајца прилепчани осомничени за тешка кражба во стан во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените жители на Прилеп, на возраст од 30 и 29 години, на 1 февруари заедно провалиле во стан на … Повеќе

Едно лице под истрага за недозволено поседување оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 1 февруари, во автомобилот кој го управувал во селото Горно Количани, … Повеќе

Скопјанец осомничен дека телесно ја повредил својата мајка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 24-годишен скопјанец, осомничен дека сторил кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 31 јануари, во семејниот дом во селото Љуботен, осомничениот со умисла физички ја нападнал и телесно ја повредил неговата мајка. По … Повеќе

Поведена постапка за уцена

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кои постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Уцена од член 259 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 28-годишник, во периодот од 21 до 31 јануари, преку мобилната апликација Вибер, побарал од една оштетена да му даде 1.500 евра за да не објави нејзини … Повеќе

Шестмина обвинети за измами со купопродажба на автомобили и прикривање

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против вкупно шест лица, од кои четворица се гонат за сторени повеќе кривични дела – Измама од член 247 од Кривичниот законик, а двајца се товарат дека извршиле кривично дело – Прикривање казниво според член 261 од Кривичниот законик. Четворицата обвинети за измами, … Повеќе

Поднесено обвинение за дивоградбата кај „Мавровка“

По спроведената истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот М.А., во текот на јуни и јули 2020 година, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330 м2 на платото пред … Повеќе

Предложени парични казни за групирање на приватна прослава во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против осум лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, на возраст од 18 до 22 години, на 8 јануари биле затекнати на приватна прослава на улицата „Васил … Повеќе

Брат и сестра од Скопје обвинети за напад врз службено лице

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Обвинетиот 21-годишник и неговата 22-годишна сестра, како соизвршители, на … Повеќе

Побаран притвор заради трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 43 – годишен скопјанец, поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 21 јануари 2021 година, околу 17.15 часот, во патничко возило „Шкода Фабиа“ кое … Повеќе

Обвинение заради дрога пронајдена при претрес во стан во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт до Основниот кривичен суд Скопје, против 28 – годишен скопјанец кој го сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При извршен претрес на 24 декември, во изнајмен стан на улица … Повеќе

Скопското обвинителство поднесе обвинение против сметководител кој изврши проневера во службата

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против лице кое како одговорно лице – сметководител сторило кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 5 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. По спроведување на истражната постапка, обвинителството утврди дека обвинетиот водејќи  сметководство на нотарска канцеларија во … Повеќе

Обвинение за двајцата кои вршеа насилство во скопски автобус

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица, жители на скопски села, двајцата на возраст од 31 година, кои како соизвршители го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите на 5 ноември 2020 година, околу 17:30 часот, во автобус на ЈСП … Повеќе

Жител на Сингелиќ осомничен за недозволено поседување дрога и оружје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став … Повеќе

Скопјанец обвинет за предизвикување општа опасност со пукање од автоматски пиштол

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 во врска со став 1, како и за кривично дело – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 1 од Кривичниот законик. … Повеќе

Турски државјанин обвинет за употреба на фалсификувана лична карта

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 19-годишен државјанин на Република Турција, кој се гони за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 25.12.2020 година, на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, пред овластени службени лица употребил лажна јавна исправа … Повеќе

Двајца скопјани обвинети за разбојништво во финансиско друштво

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица кои се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. На 27.11.2020 година, обвинетите дошле пред просториите на финансиско друштво на улица „Васил Главинов“. Едниот … Повеќе