Соопштенија

Уште едно лице во Куманово обвинето за непостапување според здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Предлог за издавање казнен налог за едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 15 март, при влез во државата на граничниот премин Ќафасан, потпишал писмена изјава дека ќе се стави во самоизолација во … Повеќе

Изречена глоба за непочитување на здравствените прописи во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Предлог за издавање казнен налог за едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 16 март, при влез во државата на граничниот премин Деве Баир, потпишал писмена изјава дека ќе … Повеќе

Предадени во употреба новите простории на Основното јавно обвинителство Куманово

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Куманово Теута Бедиу – Рамадани денескa ги пуштија во употреба новите простории на Основното јавно обвинителство Куманово, опремени со средства од фондовите на Европската унија. Од денеска кумановското обвинителство е сместено на третиот кат во зградата на Основниот суд … Повеќе

Кумановец осомничен за неовластена продажба на марихуана

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно 25-годишно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 18 февруари, во својот дом неовластено заради продажба држел … Повеќе

Во притвор дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка за едно лице, 24-годишен кумановец, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот Законик. Осомничениот во текот на јануари, неовластено заради продажба држел наркотична дрога и психотропни супстанции.  При … Повеќе

Кумановец осомничен за загрозување на сигурноста на неговата мајка и за напад врз полицаец

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лице кое е осомничено за кривични дела – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.2 во врска со ст.1 и Напад на службено лице при вршење работи од безбедноста од чл.383 ст.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик. На 15 декември осомничениот 37-годишен кумановец, при вршење семејно насилство, … Повеќе

Поведена постапка против адвокатка за измама

Основното јавно обвинителство Куманово поведе истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничената во својство на адвокат била ополномоштена од клиентка да ги застапува нејзините правни интереси пред Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за … Повеќе

Кумановското обвинителство отвори истрага за пронајдената дрога и оружје

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лице на возраст од 66 години, со двојно државјанство – на Република Северна Македонија и Република Србија, поради основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и Неовластено изработување, држење, посредување … Повеќе

Се врши увид на градежна локација во Куманово каде беа повредени десетмина работници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово заедно со екипи од крим-техника при Министерството за внатрешни работи и вешти лица вршат увид на локација на улиците „Васко Карангелевски“ и „АВНОЈ“ во Куманово, каде што претпладнево, при изведување градежни работи, беа повредени десет градежни работници. Според првичните сознанија, осуммина работници во несреќата се здобиле со полесни … Повеќе

Притвор за лицето кое нападна полицаец во Слупчане

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 32-годишен жител на сeло Слупчане,  Липково, поради основано сомнение дека  извршил кривично дело  – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста   од член  383 став 2 во врска со став 1  од Кривичниот Законик. Осомничениот на 29.09.2019 година со употреба на опасно орудие  нападнал службено лице-полицаец и … Повеќе

Поведена постапка против двајцата цариници кои примале поткуп

Основното јавно обвинителство Куманово поведе истражна постапка против две лица кои како соизвршители сториле едно кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. На 28.07.2019 година околу 02,50 часот на Граничниот премин „Табановце-Патен“ во својство на службени лица-царински службеници вработени во Царинската Управа на Република … Повеќе

Кумановец под истрага за трговија со марихуана и амфетамин

Основното јавно обвинителство Куманово отвори постапка против едно лице кое е осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 19-годишен жител на Куманово во својот дом неовластено заради продажба држел наркотична дрога марихуана со вкупна … Повеќе

Едно лице под истрага за разбојништво во Крива Паланка

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дeка сторило кривичнo делo – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 24-годишен жител на Крива Паланка, на 4 јуни влегол во стан во сопственост на едно оштетено лице и … Повеќе

Започната постапка против дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 22.05.2019 година, во својот дом во Куманово и во домот на нејзиниот невенчан сопруг, осомничената неовластено заради … Повеќе

Отворена истрага за возач од Куманово осомничен дека предизвикал тешка сообраќајна несреќа со смртни последици

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое е осомничено дека сторило кривични дела – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300, како и – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 од Кривичниот законик. На 21.04.2019 година, на … Повеќе

Определени се мерки на претпазливост за лицето кое со говор на омраза објави статус на социјална мрежа

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице, жител на с.Пелинце, општина Старо Нагоричане, поради постоење на основано сомнение дека го сторило кривичното дело Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот делото го сторил на 21.04.2019 преку социјалната мрежа Фејсбук, кога … Повеќе

Извршен увид на местото кај с.Слупчане, кумановско, каде синоќа беа застрелани две лица

Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во близина на с. Слупчане каде синоќа беше пронајдено возило кон кое биле истрелани повеќе куршуми.  На увидот беше констатирано дека од близина е пукано во патничкото моторно возило во кое се наоѓале две лица, возач и неговото осумгодишно дете. Двете лица биле смртно повредени и починале на лице … Повеќе

Основното јавно обвинителство Куманово ја расчистува сообраќајната несреќа во која животот го загуби полициски службеник

Надлежен јавен обвинител заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото каде синоќа се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, а неколкумина се повредени. Патничко моторно возило управувано од осомничениот, жител на Куманово кој бил видно под дејство на алкохол,  удрило во двајца полициски службеници. … Повеќе