Соопштенија

Поднесено обвинение за извршени две разбојништва во финансиски друштва

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека извршило две кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 5 август, влегол во просториите на финансиското друштво „М КЕШ“ ДООЕЛ во трговскиот центар „Палома Бјанка“ и со звучно-сигнален пиштол марка … Повеќе

Побаран притвор за лице кое чувало рачна бомба во Арачиново

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. При претрес на домот на осомничениот во Арачиново, на 18 октомври, во фиока во плакар кој … Повеќе

Обвинение за лицето кое украде возило и нападна полицајци

По спроведување на истражната постапка, надлежен јавен обвинител до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, кое се товари дека сторило кривични дела  – Тешка кражба од член 236 став 2 и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста по член 383 став 2 во врска со став 1 во … Повеќе

Две лица под истрага за разбојништвото во спортска обложувалница

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените, по претходен договор, на 9 октомври влегле во објект на спортска обложувалница на улица „Зеничка“ во Скопје и се … Повеќе

Поднесено обвинение за поседување на околу еден килограм марихуана

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 9 октомври, полициски службеници го забележале обвинетиот во близина на село Грачани како … Повеќе

Двајца косовски државјани обвинети за кражба на облека од трговски центар во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против двајца државјани на Република Косово кои се товарат дека како соизвршители извршиле продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинетите, по претходен договор,  на 11 октомври, во … Повеќе

Отворена истрага против лице кај кое беше пронајден околу еден килограм марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 9 октомври, полициски службеници го забележале осомничениот во близина на село Грачани … Повеќе

Едно лице под истрага за поседување оружје, муниција и дрога

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични … Повеќе

Поднесено обвинение за употреба на фалсификувана лична карта

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице, државјанка на Република Србија, која се товари дека извршила кривично дело – Фалсификување на исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата, на 5 октомври, со умисла употребила лажна јавна исправа како вистинска. Имено, таа со фалсификувана македонска … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага за недозволено поседување оружје и марихуана

Против 25-годишен скопјанец е отворена истражна постапка поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело –  Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став, како и кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 став … Повеќе

Поднесено обвинение против лицето кое пукаше од полуавтоматско и автоматско оружје во скопско Бојане

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека извршило кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со став 1, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од … Повеќе

Поднесено обвинение против осомничен сторител на неколку кражби во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен предлог против едно лице на кое му се става на товар едно продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 27 и 28 септември, извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на … Повеќе

Скопјанец обвинет за разбојништво во спортска обложувалница

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 27-годишен жител на Скопје, на 10 септември, со службено возило на фирмата во која работел како дистрибутер, дошол до спортска обложувалница на ул. „Благоја Стефковски“. Го паркирал … Повеќе

Соопштение

Во поглед на поднесениот Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Оддавање службена тајна од член 360 став 1 од Кривичниот законик со кој обвинетиот се товари дека на 23 август, преку интернет порталот www.infomax.mk на јавноста им ги сторил достапни податоците што претставуваат службена тајна, Основното јавно обвинителство Скопје ги дава следните … Повеќе

Поднесено обвинение за оддавање службена тајна

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Оддавање службена тајна од член 360 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 23 август, преку интернет порталот www.infomax.mk на јавноста им ги сторил достапни податоците што претставуваат службена тајна. Имено, тој ја објавил првата страница од записник за примање кривична … Повеќе

Две лица под истрага за разбојништво во заложна куќа

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека вчера извршиле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 22 (соизвршителство) од Кривичниот законик. Лицата на возраст од 23 и 22 години, по претходен договор, заедно влегле во објект на заложната … Повеќе

Отворена истрага против скопјанец кај кого беше пронајдена марихуана и амфетамин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Кај 20-годишниот скопјанец, на 18 септември, полициските службеници пронашле наркотична дрога марихуана во тежина од 1,96 … Повеќе

Поднесено обвинение за злоупотреба на службена положба во Централниот регистар

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица, од кои едно се товари за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека на останатите три лица на товар им се става дека помагале при извршување на истото кривично … Повеќе

Поднесено обвинение за убиството на Пино Секондо

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против едно лице за кривично дело  – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 (соизвршителство) од Кривичниот законик. На 11.12.2018 година, обвинетата го повикала оштетениот, сега починатиот Пинета Секондо Пино, и договорила да се сретнат … Повеќе

Отворена постапка против осомничен дилер на дрога од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за продолжено извршување на кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45 од кривичниот законик. Имено во периодот од јуни до септември, во повеќе … Повеќе