Соопштенија

Во тек увид за оружен инцидент во близина на Старата скопска чаршија

Дежурен јавен обвинител заедно со полициски увидни екипи вечерва врши увид на лице место во угостителски објект во кој во оружен инцидент убиени се две лица, додека едно е повредено. Според првичните информации, неколку маскирани лица со огнено оружје пукале кон двајцата кои починале на лице место, додека повредениот е пренесен во болница за да … Повеќе

Двајца браќа од Батинци осомничени за насилство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против двајца браќа за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени, на возраст од 40 и 44 години, на 2 март во кафе бар во селото Батинци, извршиле грубо насилство и телесно повредиле едно лице. … Повеќе

Истрага против дилер на марихуана од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наротични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството постапува по кривична пријава против 25-годишник од Скопје, кај кого биле пронајдени 156,77 грама наркотична дрога – марихуана и две … Повеќе

Предложен куќен притвор за задоволување полови страсти пред друг

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за определување мерка куќен притвор против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило неколку кривични дела – Задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 1 од Кривичниот законик. Имено, во пет … Повеќе

Извршен увид, починато девојче од струен удар во Илинден

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи на МВР и обдуцент од Институтот за судска медицина изврши увид на лице место на железничка станица во општина Илинден, каде според првичните сознанија, како последица на струен удар починало 14 годишно девојче. Првичните информации упатуваат на тоа дека несреќата се случила кога … Повеќе

Обвинение за промовирање насилство врз жени преку компјутерски систем

Основното јавно обвинителство Скопје пред надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата обвинети преку компјутерски систем, ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство … Повеќе

Истрага против дилер на марихуана од Скопје

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 16 февруари, при … Повеќе

Еден осомничен за тешка кражба на дрзок начин во Скопје

Oсновното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и поднесе предлог за определување мерка притвор против 19-годишник од Штип осомничен за – Тешка кражба согласно член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. На 16 февруари, во близина на „Зелен пазар“ во Скопје, осомничениот од една оштетена жена, на дрзок начин, одзел златно ланче во вредност … Повеќе

Поднесено обвинение за повеќе кривични дела сторени преку интернет портал, оформен и нов предмет

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице, кое се товари дека преку веб портал во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г. ст.1 од КЗ, едно кривично дело – … Повеќе

Поднесени обвиненија за трговија со дрога во Скопје

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе обвинителни акти во два предмети за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во првиот случај, 32-годишен скопјанец e обвинет, бидејќи на 3 февруари, во продавница за … Повеќе

Скопјанец осомничен за напад врз полицаец, одбил да застане на полициска наредба

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 14 февруари, веднаш по полноќ, во близина на влезот во фабриката Пивара Скопје, … Повеќе

Предложен притвор за лице осомничено за повеќе кривични дела

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје денеска достави Предлог за определување мерка притвор за лице осомничено дека сторило кривично дело – Уцена од чл.259 ст.1 в.в. чл.19 од КЗ, кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело од чл.157-б ст.1 од  КЗ, две кривични дела … Повеќе

Извршен претрес, обезбедени докази за сторени серија кривични дела преку веб портал

По барање на Основното јавно обвинителство Скопје, врз основа на наредба од судија на претходна постапка, синоќа беше извршен претрес во домот каде престојува едно осомничено лице, како и пребарување на компјутерски систем и компјутерски податоци. Против осомничениот во Основното јавно обвинителство Скопје се води постапка, бидејќи постои основано сомнение дека преку веб портал во … Повеќе

Над половина килограм марихуана пронајдени во автомобил, истрага против едно лице

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 29-годишен скопјанец под сомнение за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 4 февруари, на улицата „Методија Митевски“ во Скопје, како сопатник на задно седиште во автомобил, … Повеќе

Пронајдена дрога и психотропни супстанции во продавница за домашни миленици во Скопје, поведена истрага

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 3 февруари, осомничениот неовластено му продал на еден … Повеќе

Поведена постапка против малолетник за тешка сообраќајна несреќа во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка спрема дете во судир со законот за кое постои основано сомнение дека извршило дејствие кое што со закон е определено како кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во … Повеќе

Скопјанец под истрага за недозволена трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против едно лице за две кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 55-годишник, на 25 јануари, во својот автомобил држел 24 пакувања со вкупно 8,94 грама хероин, како и две пакувања … Повеќе

Истрага за убиство на свиреп начин во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 39-годишен тетовец на издржување на затворска казна во КПУ „Идризово“ – Скопје за кого постои основано сомнение деа сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. На 29 декември, во напуштен објект на улицата … Повеќе

Скопјанец осомничен дека тешко повредил жена и ја држел заклучена

Против 60-годишен скопјанец Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривични дела – Тешка телесна повреда од член 131 став 1 и Противправно лишување од член 140 став 1 од Кривичниот законик. На 23 јануари, во неговиот дом, осомничениот повикал на кафе една оштетена жена и започнал да ја допира. Кога оштетената го одбила и … Повеќе

Предложен притвор за дилер на хероин од Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 34-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 23 јануари, при претрес во домот на девојката на осомничениот каде … Повеќе