Соопштенија

Парични казни за тројца од Ресен

Основното јавно обвинителство Ресен поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица од Ресен за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите на 25.05.2020 година, во Ресен, за време на пандемија прогласена од страна на Светската здравствена организација поради опасна заразна болест COVID-19 не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување односно Одлуката за дополнување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија.

Обвинетите биле затекнати од полициски службеници од ОВР Ресен, како се движат пеш и со возила по ул.„29-ти Ноември“, без притоа да поседуваат дозволи за движење.

За стореното, обвинителството на Судот му предложи на сите обвинети да им изрече парични казни од по 100 дневни глоби, секоја од нив во вредност од по 20 евра во денарска противвредност.