Соопштенија

Побарана парична казна за скопјанец заради непочитување на самоизолацијата

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице кое не постапило согласно издаденото Решение за задолжителна самоизолација.

Против обвинетиот пред надлежен суд е поднесен Предлог за издавање казнен налог за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството му предложи на Основниот кривичен суд да изрече парична казна од 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.