Соопштенија

Поднесено обвинение за илегално поседување марихуана во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 20 август, набавил и држел наркотична дрога – марихуана во домот во кој живее на улица „Балиндолска“ во Гостивар. При претрес во куќата биле пронајдени 18,42 грама марихуана, 0,60 грама мешавина марихуана и тутун, како и една дигитална вага.

Надлежниот обвинител до Основниот суд Гостивар достави предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетиот.​