Uncategorized, Соопштенија

Постапка за три лица кои не се придржувале на забраната за движење во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за изрекување казнени налози за три лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравстевни прописи во време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Двајца од обвинетите на 23 март  во 21.30 часот, а третиот во 22.05 часот,  за време на епидемијата на опасна болест COVID 19 не постапиле според прописите и упатствата со кои беа определени мерки за сузбивање и спречување на коронавирусот. Тие се движеле низ подрачјето на градот во време на забрана за движење на населението од 21.00 до 5.00 часот.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар предложи на судот, на обвинетите за стореното кривично дело да им изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби.