Соопштенија

Поведена постапка за четири лица во Струга

Обвинетите,  во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Тие не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час, без дозвола, пеш или со возила  се движеле низ градот и околината.

За  обвинетите, Основното јавно обвинителство Струга со предлозите за издавање казнени налози побара од Судот да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, со предлог да ја определи висината на дневните глоби за едно лице од по 30 евра во денарска противвредност, за друг обвинет од по 40 евра во денарска противвредност, а за двајца од обвинетите од по  50 евра во денарска противвредност.