Соопштенија

Поведена постапка за петмина учесници на протестите во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово, по поднесена пријава од СВР Тетово, поведе постапка против 5 лица за кои постои основано сомнение дека за време на протестите во Тетово, одржани на 17 септември 2021 година, го сториле кривичното дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие од член 384 став 2 од КЗ. За четворица од нив постапка се води и за сторено кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедност од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Поради потребата од непречено водење на кривичната постапка, особено поради постоење на основано сомнение дека осомничените лица ќе се кријат или дадат во бегство, како и дека постои можност да го повторат кривичното дело, тетовското обвинителство до надлежниот суд достави предлог за определување на мерката притвор. Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничените им е определен притвор во траење од по 8 дена.