Осомниченото лице е изведено пред судија на претходна постапка, каде надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе Предлог за определување на мерка Притвор.
Осомничениот се товари дека сторил три кривични дела и тоа – Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395, Фалсификување исправа од член 378 и Злоупотреба на лични податоци од член 149 од Кривичниот законик.