Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 39-годишен скопјанец поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
При извршен претрес во возило кое го управувал осомничениот, а потоа и во неговиот дом, полициски службеници пронашле наркотична дрога марихуана во нето маса од 66,55 грама, 5,96 грама амфетамин, 0,41 грама кокаин, 0,89 грама прашкаста материја од амфетамин MDMA и 149 таблети од психотропна супстанца.
Надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон или да го повтори делото.