Јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески, вчера оствари одделни средби со јавните обвинители од Основното јавно обвинителство Велес и од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
Тема на работните средби беа тековните прашања и проблемите со кои се соочуваат во текот на работењето јавните обвинители од овие обвинителства. Стана збор за подобрување на ефикасноста во постапувањето и мерките кои во таа насока треба да се преземат.
Јовески ја истакна поддршката која ја имаат јавните обвинители во заложбите за подобро функционирање, како и за професионално, стручно и независно постапување.
Одржаните средби во двете обвинителства се дел од активностите за унапредување на состојбите во обвинителството кои ги презема Јавниот обвинител на Република Македонија.