Основното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по поднесени кривични пријави, поднесе предлози за издавање казнени налози за шест лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час на 5 мај се движеле на различни локации во градот.
Надлежниот обвинител на Основниот суд Тетово му предложи да изрече парични казни од по 100 дневни глоби за секој од обвинетите.