Соопштенија

Скопјанец обвинет за непочитување на полицискиот час, предложена парична казна

Предлог за издавање казнен налог против едно лице поднесе Основното јавно обвинителство Скопје заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 22-годишник постапил спротивно на прописите се кои се определени мерки за спречување на ширењето на заразна болест. На 11 април, за време на важечкиот полициски час, бил затекнат како се движи по улицата „Аугуст Цезарец“ во Скопје без да поседува дозвола за тоа.

Јавниот обвинител му предложи на Судот за обвинетиот да определи парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​