Соопштенија

Соопштение

По катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Република Туркије, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска упати писмо со изрази на најискрено сочувство до својот колега, Генералниот обвинител при Врховниот апелациски суд на Република Туркије Бекир Шахин.

„Во овие тешки моменти, нашите мисли се со вас и со братскиот турски народ“, напиша Јовески во писмото, изразувајќи сочувство за семејствата и блиските на трагично загинатите и упатувајќи желби за побрзо закрепнување на повредените.