В.Д. Јавен обвинител на Република Македонија Лилјана Спасоска денеска оствари средба со амбасадорката Одри Гловер, шеф на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на локалните избори во Република Македонија.
На средбата се разговараше за чекорите што ги презема Јавното обвинителство на Република Македонија во насока на заштита од криминални и други противзаконски дејствија поврзани со процесот на претстојните локални избори, особено од аспект на превентивно делување.
Амбасадорката Гловер ги презентираше и активностите на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР поврзани со претстојниот изборен процес.