Соопштенија

Струшкото обвинителство побара парични казни за три лица

Поради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Струга за три лица поднесе предлози за издавање казнени налози со кои му предложи на Судот на обвинетите да им изрече парични казни  во висина од по 100 дневни глоби, секоја од нив во вредност од по 30 евра во денарска противвредност.

Обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана на движење на населението на територијата на Република Северна Македонија, па со возила или пеш се движеле во околината на Струга.