Соопштенија

Татко и син од Богородица осомничени за недозволено поседување оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против татко и син од селото Богородица, кои во своите домови неовластено држеле поголемо количество оружје и муниција.

При претрес во домот на синот била пронајдена една полуавтоматска пушка, една ловна пушка со 99 патрони, еден самострел со пет стрели, една воздушна пушка, како и уште 272 куршуми различна муниција. Кај таткото, пак, биле пронајдени една ловна пушка, една воздушна пушка, 140 патрони ловна муниција, 49 куршуми од различен калибар, една стрела за самострел и делови од оружје.

Двете лица се осомничени за кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител за првиот осомничен достави предлог за определување мерка куќен притвор, а за вториот поднесен е предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и ги определи бараните мерки.