Соопштенија

Татко ја загрозил сигурноста на синот, поведена постапка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик.

Осомничениот ја загрозил сигурноста на сопствениот син, заканувајќи му се дека ќе го убие и него и целото негово семејство. Синот, кој инаку живеел во Швајцарија, се вратил во велешко село заедно со семејството. Меѓутоа, таткото му забележал затоа што тој и неговиот брат ја примиле да живее во странство мајката, која се пожалила дека трпи насилство во домот. Жената во моментов била кај другиот син во Данска, а осомничениот со закани по живот инсистирал да ја вратат дома.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во  Велес достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 8 дена.