Соопштенија

Во Битола обвинети се три лица заради не почитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Битола поднесе два Предлога за издавање на казнени налози против три лица за кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија според член 206 став 1 од Кривичниот законик. Со нив на Судот му предложи за обвинетите да изрече парични казни од по  100 дневни глоби со висина   на една дневна глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност.

Сите предлози за издавање на казнени налози се заради прекршување на полицискиот час, односно за непостапување по Одлуката за  забрана за движење.