Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка против четворица за промет со дрога

Скопје, 10 Ноември 2016

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица за сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Двајца од осомничените се македонски државјани, еден е државјанин на Албанија и еден е од Косово.

Кај осомничените лица се пронајдени над 100 килограми наркотична дрога марихуана, наменета за Турскиот нарко пазар.

Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување на  мерката притвор за четирите лица. Предлогот со Решение на судот е прифатен и е изречен притвор од триесет дена за секој од осомничените.

 Истрагата за стореното дело продолжува со преземање на дејствија од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

351 total views, 2 views today