Марко Зврлевски

 МarkoМарко Зврлевски е роден на 04.12.1960 година во Дебар. Основно и средно образование завршува во Скопје. Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во  Скопје, по што го положува и правосудниот испит. Посетувал постдипломски студии од областа на граѓанското право на Правниот факултет – Јустинијан Први при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

 Работното искуство го започнува при Македонската академија на науките и уметностите (1988-1989), по што кратко време работи како новинар во Македонската радио телевизија. Од приправник по правна  струка во тогашното Општинско јавно обвинителство во Скопје (1989-1991), преку стручен соработник (1991-1998), адвокат од областа на казненото право (1998-2000), заменик-јавен обвинител во Основното  јавно обвинителство – Скопје; (2000-2005), Зврлевски речиси целата своја кариера ѝ ја посветил на јавнообвинителската работа. Во декември 2005 година е распореден во Одделението за гонење на  сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција, а по трансформирањето на одделението, е избран за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на  организиран криминал и корупција. Од ноември 2009 до јануари 2013 година како Основен јавен обвинител раководи со Основното јавно обвинителство – Скопје. Во јануари 2013 година е именуван за Јавен  обвинител на Република Македонија која функција ја извршува до август 2017 година.

Марко Зрлевски е едукатор на Академијата за судии и јавни обвинители, лиценциран обучувач за унапредување на способностите при водење на судски процеси при Националниот институт на САД (НИТА), автор и коавтор на повеќе трудови. Од 2009 до септември 2015 година беше Претседател на Здружението на јавни обвинители на Република Македонија.

39 total views, 1 views today