Основното јавно обвинителство – Скопје започна постапка против четири лица за разбојништво

Основното јавно обвинителство – Скопје започна постапка против четири лица за разбојништво

Јавниот обвинител кој постапува во предметот, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за четири лица на кои им се става на товар дека сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Настанот за кој се води постапка се случил на 30 август во раните … Повеќе

Предложен притвор за сторителот на убиството во Црниче

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе предлог за определување на мерката Притвор за лицето кое вчера смртно го рани својот татко. Надлежниот обвинител ценеше дека се исполнети сите законски основи за предлогот и тоа постоење на услови за бегство на осомничениот, за вршење на влијание врз сведоци, а утврдена е и опасност за повторување на … Повеќе

Поднесен обвинителен акт против гинекологот кој презентирал состојба на лажна симулирана бременост на пациентка

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе Обвинителен акт против лицето Н.Д., по професија доктор специјалист по гинeкологија и акушерство, кој во периодот од месец септември 2015 до април 2016 година презентирал состојба на лажна симулирана бременост на пациентка врз која претходно спровел биолошки потпомогнато оплодување. Обвинетиот се товари дека сторил кривично дело – Тешки дела … Повеќе

Јавното обвинителство од понеделник со ново работно време

В.Д. Јавен обвинител на Република Македонија денес донесе Одлука за утврдување на ново работно време во јавните обвинителства во Република Македонија. Ново утврденото работно време кое ќе се применува од 4 септември 2017 година (понеделник) започнува во 7:30 часот и трае до 15.30 часот. Одлуката за утврдување на работното време ќе се применува во Јавното … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Скопје постапува за расветлување на нападот врз екипата на НОВА ТВ

Основното јавно обвинителство – Скопје прими известување од страна на Министерството за внатрешни работи во врска со настанот случен на 23 август, кога при извршување на работните задачи беше нападната новинарската екипа на интернет порталот НОВА ТВ . По приемот на известувањето, Основното јавно обвинителство – Скопје веднаш оформи предмет и истиот го распореди кај … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Велес работи на откривање на причините за сообраќајната несреќа на туристички автобус

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Велес синоќа изврши увид на лице место на автопатот Велес-Скопје каде што се случи тешка сообраќајна несреќа во која туристички автобус излета од патот и се преврте. Причините за несреќата се утврдуваат. По наредба на јавниот обвинител, од возачот на автобусот е земен примерок на крв за анализа … Повеќе

Едно лице осомничено за убиство во Велес

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Велес изврши увид на лице место во семејна куќа, во која што утрово околу 02:00 часот е извршено кривично дело убиство. Настанот се случил кога 46-годишниот С.В. со тврд предмет, најверојатно чекан, ја скршил влезната врата на неговите соседи, влегол во собата каде спиела ќерката и ја … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Струга работи на расветлување на убиство

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струга, заедно со увидна екипа од СВР Охрид – ПС Струга вчера изврши увид на лице место каде што беше убиен сопственик на ресторан. Според првичните информации, убиството околу 17 часот го извршил непознат сторител со истрели од огнострелно оружје, на терасата на ресторанот „Аква блу“ во Струга. Од лице место … Повеќе

Наредба за спроведување на истрага против полицаецот кој со истрел од службено оружје повреди двајца малолетници

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струмица донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против полицискиот службеник кој повреди двајца малолетници со истрел од службен пиштол. Полицаецот е осомничен дека сторил кривично дело – Убиство од член 123, а во врска со член 19 од Кривичниот законик. За целосно расветлување на настанот, јавниот … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Струмица врши увид на местото каде двајца малолетници беа повредени со службен полициски пиштол

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струмица и денеска продолжува со увидот на колски пат, во близина на Градската капела кај Струмица, каде што синоќа полицаец со истрел од службено оружје повредил двајца малолетници. Според првичните информации, до инцидентот дошло кога екипи од СВР Струмица се обиделе да го сопрат возилото во кое … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Скопје постигна спогодби со пет лица за нелегално препродавање билети

Основното јавно обвинителство – Скопје постапуваше по поднесени три кривични пријави од Министерството за внатрешни работи против пет лица осомничени за сторено кривично дело – Недозволена трговија од чл.277 ст.2 од Кривичниот законик. Лицата беа осомничени дека го извршиле делото санкционирано со последните измени на Кривичниот законик, а со кои се санкционира нелегално препродавање билети … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинение за тешко разбојништво во менувачница во Драчево

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе Обвинителен акт против лицето И.И. за сторено кривично дело – Разбојништво од чл. 237 ст.5 во врска со ст.4 и ст.1, како и во врска со чл.22 од Кривичниот законик. Обвинителниот акт содржи и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот. Настанот за кој се товари лицето се … Повеќе

Поднесен обвинителен акт за едно лице за насилство во Собранието на Република Македонија

Основното јавно обвинителство – Скопје, во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27.04.2017 година, спроведе истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Насилство од чл.386 ст.6, а во врска со ставовите 3 и 1 од Кривичниот законик. За ова кривично дело, согласно ставот 6, предвидена е казна затвор во … Повеќе

Предметот „Чекан“ е завршен со правосилна судска пресуда

Со правосилна пресуда од Апелациониот суд – Скопје и ефективни затворски казни завршен е предметот во јавноста познат како „Чекан“. Во предметот што го водеше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција им се изречени затворски казни на седум лица за сторени кривични дела Лихварство и Изнуда. Од осудените лица е конфискуван … Повеќе

Едно лице под истрага за полов напад врз шестгодишно девојче во Скопје

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје издаде Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, на возраст од 25 години, кое се сомничи дека сторило кривично дело – Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години од член 188 ст.1 од Кривичниот законик. Осомничениот се товари дека извршил други полови … Повеќе

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лицето кое застрела гостин на свадба

Осомничениот на ден 25 јули во 22.45 минути, додека присуствувал на свадбена веселба, извадил од појас пиштол марка Smith&Wesson и со умисла испукал еден куршум со кој го погодил сега починатиот Б.Х. , државјанин на Република Германија. Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот за сторени две кривични дела … Повеќе

Фатен разбојник со граѓанско апсење

Разбојникот на еден од градските пазари во Скопје, нападнал осумдесет годишна жена обидувајќи се да и го одземе паричникот. При тоа, осомничениот ја турнал оштетената и ја влечел по бетонот, по што се дал во бегство. Од страна на граѓанин – очевидец на настанот, разбојникот бил совладан и согласно закон, присилно задржан се до доаѓање … Повеќе

Отворена постапка и определен притвор за разбојникот во аптеките

Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, кое во девет одделни случаи извршило разбојништво во девет аптеки на подрачјето на Скопје. Осомничениот на возраст од 44 години, во периодот од 23 јуни до 18 јули, заканувајќи се со пиштол и вербално кон вработените во аптеките, противправно присвоил … Повеќе

Побарани мерки на претпазливост за лекарот – гинеколог

Основното јавно обвинителство – Скопје отвори истражна постапка против обвинетиот лекар – гинеколог кој во периодот од месец септември 2015 до април 2016 година презентирал состојба на лажна симулирана бременост на пациентка врз која претходно спровел биолошки потпомогнато оплодување. Осомничениот, иако знаел дека оштетената не е бремена, врз неа вршел редовни контролни гинеколошки прегледи со … Повеќе

Разбиена досега најголема организирана група на криумчарење мигранти

Во рамките на својата надлежност и контунуирана борба против организираниот криминал и корупција, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден спроведе координирана акција со Министерството за внатрешни работи на Република Македонија за сузбивањето на организираното криумчарење на мигранти, на подрачјето на повеќе населени места. Преземени се дејствија за процесуирање … Повеќе