Односи со Јавноста

Јавното обвинителство, МВР и Министерството за социјална политика со координирам одговор против семејно насилство

Во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска се одржа работен состанок на јавниот обвинител Ненад Савески со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, на кој беа договорени конкретни мерки за координирано, итно и ефикасно постапување во случаите на семејно насилство. Во услови на загрижувачки … Повеќе

Непочитување на прописите придонело да загине работник во Охрид – поднесено обвинение

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против 2 физички и 2 правни лица за – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 4 во врска со член 288 став 4 во врска со став 2, Предизвикување општа опасност по член 288 став 5, Повреда на правата од работен однос по член 166 … Повеќе

Средба на државниот обвинител Савески со црногорскиот амбасадор Миљаниќ

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со Амбасадорот на Црна Гора во нашата земја Зоран Миљаниќ, со кого разговараше за досегашната интензивна соработка меѓу двете земји и можностите за нејзино унапредување. Притоа, особено беше истакната одличната соработка меѓу црногорското и македонското обвинителство, како и можностите таа во иднина да биде … Повеќе

Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Примање поткуп по член 357 став 1 од Кривичен законик. Осомничениот како службено лице – вработен во Дирекцијата за заштита и спасување во Одделение за издавање урбанистички согласности бил овластен да потпишува, дава мислење и издава согласност на … Повеќе

Поднесено обвинение за злоупотреби против полициски службеници од Велес за случајот на Росица Коцева

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против девет полициски службеници од Велес за сторени кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 и Неизвршување на судска одлука  од член 377 став 5 од Кривичниот законик. Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење … Повеќе

Предложен притвор за семејно насилство во Битола

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 10 ноември во неговиот дом, телесно ја повредил неговата девојка. По расправија започнал да ја дави и со тупаници и шлаканици ја удирал по главата … Повеќе

Поднесено обвинение за три кривични дела против едно лице

Основното јавно обвинителство Охрид итно ги презеде сите дејствија и до Основниот суд во Охрид поднесе обвинение против едно лице за три кривични дела – Телесна повреда, Противправно лишување од слобода и Загрозување на сигурноста. При вршење семејно насилство, обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на една … Повеќе

Савески за ТВ 21: Граѓаните ни се соработници во борбата против криминалот

Во интервју за емисијата #CLICKPLUS на ТВ21, државниот јавен обвинител Ненад Савески зборува отворено за актуелните случувања и работата на Јавното обвинителство, но и за неколку лични теми поврзани со животните принципи и вредностите од кои се води. Целосното интервју во видеото подолу:

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против едно лице и презема предистражни дејствија поради сомненија за повеќе кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување, Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем и Проневера во службата. Постои основано сомнение … Повеќе

Истрага за криминална група инволвирана во изнуди и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои сомнение дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и дејствија на перење пари и изнуда. За тројца од нив во текот на денов до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје … Повеќе

Потпишан меморандум за соработка и воспоставување на ЛЕРМС системот за меѓуинституционална размена на информации

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање и Агенцијата за управување со одземен имот потпишаа меморандум за воспоставување систем за евиденција, податоци и управување со предмети – ЛЕРМС, финансиран од Европската Унија. Со системот се воспоставува соработка и интероперабилност, а се зајакнува … Повеќе

Македонско-француската правосудна соработка – тема на средбата на Савески со францускиот амбасадор и судијата за врски со регионот

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска беше домаќин на делегација предводена од амбасадорот на Република Франција во земјава Кристоф Ле Риголер. На средбата јавниот обвинител се запозна со назначениот судија за врски на Франција во регионот на Југоисточна Европа. На средбата присуствуваа и Сесилија Мароние, француски технички експерт во Министерството за правда … Повеќе

Извршен увид на лице место по убиство и самоубиство во Богданци

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија изврши увид на лице место и издаде повеќе наредби за обезбедување докази со цел да се испитаат причините за настанот. Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а обезбедени се и снимки од видео надзор. Првичните индиции упатуваат на убиство и самоубиство, меѓутоа настанот ќе биде … Повеќе

Поведена постапка за злоупотреби во електронскиот систем на Универзитетот во Штип

Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против две лица поради сомненија дека како соизвршители сториле кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и Компјутерска измама според член 251-б став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Пријавените, во својство на … Повеќе

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, преку Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност преземаше дејствија во меѓународна координирана операција насочена кон разбивање транснационална криминална мрежа инволвирана во организирани инвестициски измами преку интернет. Операцијата беше спроведена со поддршка и координација на Европол и Европравда, а … Повеќе

Поведена постапка за насилство пред спортски натпревар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик. Во конфликт меѓу навивачки групи пред влезот на С.Ц „Јане Сандански“ осомничениот задал удар во глава на дете од спротивниот табор. Оштетеното … Повеќе

Четворица осомничени за тешки разбојништва

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека биле созивршители во две кривични дела – Разбојништво од член 237 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во првиот настан, во раните утрински часови на 22 октомври, насилно влегле во куќа во … Повеќе