Односи со Јавноста

Средба Коцевски-Вал

Меѓусебната соработка на Јавното обвинителство и Мисијата на ОБСЕ беше тема на денешната средба на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски со амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата ОБСЕ во Скопје. Притоа амбасадорот Вал го запозна обвинителот Коцевски со планираната реформа на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и новата тригодишна стратегија, во рамките … Повеќе

Косовски државјанин осомничен за спречување на полициска акција

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 26-годишен државјанин на Р.Косово за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 1 од Кривичниот законик. На 3 октомври, на регионалниот пат од Скопје-ГП Блаце полициски службеници со службено возило се обидувале да запрат товарно возило … Повеќе

Постапка и мерки на претпазливост за шест затворски полицајци од КПУ Идризово

Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, започна предистражна постапка против шест затворски полицајци вработени во КПУ Идризово. Лицата … Повеќе

Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 66-годишен пензионер, во својот … Повеќе

Постапка за полово вознемирување на дете во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 29-годишник од селото Церово кој е осомничен дека спрема малолетничка родена 2007 година сторил кривично дело – Злоупотреба на лични податоци од член 144 став 2, како и Полово вознемирување според член 190-а став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот во повеќе наврати, преку една социјална мрежа, ја контактирал … Повеќе

Извршен увид на местото на тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола во која утрово три лица го загубија животот, а едно е повредено. Според првичните сознанија, до несреќата дошло при судар на патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки и товарно возило „волво“ со скопски ознаки. … Повеќе

Обвинет призна дека сторил насилство од омраза, изречена пресуда

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на признание на вина против 30-годишен скопјанец за кривично дело – Насилство во квалификаторен облик сторено од омраза, казниво според член 386 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Сега осудениот Ф.Г. ја … Повеќе

Обвинение за несовесно работење против градоначалникот на Струга

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против службено лице – градоначалник на Општина Струга за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот свесно ги повредил законските прописи при именување вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Радолишта. Иако Законот за основно … Повеќе

Презентиран систем за безбедно ракување и размена на класифицирани информации

Во просториите на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, пред Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски, основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски,  министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и директорката на Оперативно-техничката генција Марија Јаническа денеска беше презентиран акредитиран комуникациско информациски систем за … Повеќе

Двајца жители на Врапчиште осомничени за попречување на правдата

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Попречување на правдата предвидено во член 368-а став 5 од Кривичниот законик. На 30 септември, во семејната куќа во која живееле двајцата роднини, тие како соизвршители спречиле судија на Основниот суд Гостивар … Повеќе

Постапка за загрозување на сигурноста на уставен судија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста согласно член 144 став 5 од Кривичниот законик. На 21 јуни, преку информатички систем, обвинетиот се заканил дека ќе стори кривично дело – Убиство од член 123 … Повеќе

Поднесено обвинение за дивоградба во Охрид

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен акт против две лица за кривично дело – Бесправно градење согласно член 244-а став 1 од Кривичниот законик. Осомничените на возраст од 49 и 48 години, како соизвршители, на 27.07.2023 година започнале да градат објект на нивно земјиште, без одобрение за градба издадено од надлежен … Повеќе

Обид за убиство на малолетник во тетовско, истрага против едно лице

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот 28-годишник, на 26 септември, во фабрика во селото Голема Речица, со умисла се обидел да лиши од живот 17-годишник, нанесувајќи му … Повеќе

Делегација на македонското Јавно обвинителство на Регионална конференција на ОБСЕ

Интегритетот и транспарентноста на правосудството беа во фокусот на дводневната регионална конференција на ОБСЕ за мониторинг на судските процеси што се одржа во Будва и на која учествуваше Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски, заедно со основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази и … Повеќе

Организациска директорка на клиника обвинета за злоупотреба на службена положба

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата, во својство на организациски директор на Јавна здравствена установа – Универзитетска клиника за токсикологија, ги пречекорила своите службени овластувања со намера да овозможи … Повеќе

Истрага за две разбојништва во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник од тетовско Боговиње поради сомнение дека сторил две кривични дела – Разбојништво согласно член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 12 септември влегол во обложувалница на улицата “Никола Тримпаре” и со опасно орудие – … Повеќе

Во „Синџир“ обвинети петнаесет лица вработени во УЈП

И покрај поднесениот Обвинителен акт за предметот познат во јавноста како „Синџир“, предметниот обвинител Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција предметниот јавен обвинител продолжи со постапување. Постапката е како резултат на индиции што произлегоа од доказите што обвинителството ги достави до судот со поднесување на обвинителниот акт во предметот „Синџир“. Врз … Повеќе

Коцевски на Регионална конференција на јавните обвинители за постапките за воени злосторства

Јавниот обвинител на Реублика Северна Македонија Љупчо Коцевски и претседателот на Здружението на јавните обвинители Елвин Вели, на покана на домаќинот – црногорското Врховно државно обвинителство, учествуваа на Регионална конференција на јавните обвинители за соработка во постапките за воени злосторства што се одржа во Подгорица. На конференцијата, организирана со поддржа од Прогрмата за развој на … Повеќе

Еден осомничен за обид за убиство во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. На 13 септември, во вечерните часови, осомничениот се договорил со оштетениот да се најдат на паркинг простор … Повеќе

Формирано одделение за сериозен и сложен криминал во ОЈО Скопје

Во координација со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје донесе дополнување на Годишниот распоред за работа на јавните обвинители во тоа обвинителство, со кое формираше посебно одделение за сериозен и сложен криминал. Ова одделение ќе постапува по предмети за кривични дела за кои е пропишана казна доживотен … Повеќе