Соопштенија

ОЈО Крива Паланка постапува по пријава за тешка телесна повреда

До Основното јавно обвинителство Крива Паланка денеска е доставена кривична пријава против три лица – татко и две ќерки поради сомнение дека сториле кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 1 од Кривичниот законик. Пријавени се дека поради недоразбирање околу добитокот најпрво започнале расправија, а потоа физички нападнале жена од селото Дрење, … Повеќе

Српски државјанин осомничен за криумчарење цигари на ГП Богородица

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против српски државјанин, осомничен дека сторил кривично дело – Криумчарење, предвидено во член 278 став 2 од Кривичниот законик. Осомничениот, преку царинската линија на  граничниот премин „Богородица“ на влез земјава, во камион на српска фирма на која бил сопственик, пренел непријавена стока 5000 штеки цигари од  трговските марки “Marlboro”, „Davidoff“ … Повеќе

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 1/2026

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2026 за унапредување на (дваесет и осум) 28 јавнообвинителски службеници. Финална ранг листа од Интерен оглас 1 /2026 – ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  Финална ранг листа од Интерен оглас 1 /2026 – ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (КАТЕГОРИЈА Б) Финална ранг листа од Интерен оглас 1/2026 – ВИШО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ГОСТИВАР … Повеќе

Јавното обвинителство учествува во работата на новоформираниот Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

“Слободата на изразување е највисок демократски стандард кој институциите се обврзани да го штитат. Правото на јавноста да биде навремено и точно информирана никој не смее да ги загрозува, а оние кои ќе се обидат тоа да го сторат мора да бидат идентификувани и санкционирани”, истакна Искра Хаџи Василева, основен јавен обвинител на Основното јавно … Повеќе

Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, односно повреда нанесена при вршење семејно насилство. Обвинетиот, на 10 ноември, во неговиот дом во Битола, телесно ја повредил неговата девојка. По вербална расправија меѓу нив, … Повеќе

Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по кривична пријава од СВР Куманово, поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик и предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор. Согласно зајакнатиот механизам за итна меѓуинституционална … Повеќе

Јавното обвинителство, МВР и Министерството за социјална политика со координиран одговор против семејно насилство

Во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска се одржа работен состанок на јавниот обвинител Ненад Савески со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, на кој беа договорени конкретни мерки за координирано, итно и ефикасно постапување во случаите на семејно насилство. Во услови на загрижувачки … Повеќе

Непочитување на прописите придонело да загине работник во Охрид – поднесено обвинение

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против 2 физички и 2 правни лица за – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 4 во врска со член 288 став 4 во врска со став 2, Предизвикување општа опасност по член 288 став 5, Повреда на правата од работен однос по член 166 … Повеќе

Средба на државниот обвинител Савески со црногорскиот амбасадор Миљаниќ

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со Амбасадорот на Црна Гора во нашата земја Зоран Миљаниќ, со кого разговараше за досегашната интензивна соработка меѓу двете земји и можностите за нејзино унапредување. Притоа, особено беше истакната одличната соработка меѓу црногорското и македонското обвинителство, како и можностите таа во иднина да биде … Повеќе

Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Примање поткуп по член 357 став 1 од Кривичен законик. Осомничениот како службено лице – вработен во Дирекцијата за заштита и спасување во Одделение за издавање урбанистички согласности бил овластен да потпишува, дава мислење и издава согласност на … Повеќе

Поднесено обвинение за злоупотреби против полициски службеници од Велес за случајот на Росица Коцева

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против девет полициски службеници од Велес за сторени кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 и Неизвршување на судска одлука  од член 377 став 5 од Кривичниот законик. Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење … Повеќе

Предложен притвор за семејно насилство во Битола

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 10 ноември во неговиот дом, телесно ја повредил неговата девојка. По расправија започнал да ја дави и со тупаници и шлаканици ја удирал по главата … Повеќе

Поднесено обвинение за три кривични дела против едно лице

Основното јавно обвинителство Охрид итно ги презеде сите дејствија и до Основниот суд во Охрид поднесе обвинение против едно лице за три кривични дела – Телесна повреда, Противправно лишување од слобода и Загрозување на сигурноста. При вршење семејно насилство, обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на една … Повеќе

Савески за ТВ 21: Граѓаните ни се соработници во борбата против криминалот

Во интервју за емисијата #CLICKPLUS на ТВ21, државниот јавен обвинител Ненад Савески зборува отворено за актуелните случувања и работата на Јавното обвинителство, но и за неколку лични теми поврзани со животните принципи и вредностите од кои се води. Целосното интервју во видеото подолу:

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против едно лице и презема предистражни дејствија поради сомненија за повеќе кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување, Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем и Проневера во службата. Постои основано сомнение … Повеќе

Истрага за криминална група инволвирана во изнуди и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои сомнение дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и дејствија на перење пари и изнуда. За тројца од нив во текот на денов до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје … Повеќе

Потпишан меморандум за соработка и воспоставување на ЛЕРМС системот за меѓуинституционална размена на информации

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање и Агенцијата за управување со одземен имот потпишаа меморандум за воспоставување систем за евиденција, податоци и управување со предмети – ЛЕРМС, финансиран од Европската Унија. Со системот се воспоставува соработка и интероперабилност, а се зајакнува … Повеќе

Македонско-француската правосудна соработка – тема на средбата на Савески со францускиот амбасадор и судијата за врски со регионот

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска беше домаќин на делегација предводена од амбасадорот на Република Франција во земјава Кристоф Ле Риголер. На средбата јавниот обвинител се запозна со назначениот судија за врски на Франција во регионот на Југоисточна Европа. На средбата присуствуваа и Сесилија Мароние, француски технички експерт во Министерството за правда … Повеќе