Соопштенија

35 струмичани со парични казни за непочитување на забраната за движење

Основното јавно обвинителство – Струмица во текот на денешниот ден, постапувајќи по кривичните пријави, до Основниот суд – Струмица поднесе 30 предлози за издавање на казнени налози со кои се опфатени 35 лица. Лицата во периодот од 5.04. до 21.04.2020 година не ја почитувале забраната за движење за време на полицисиот час и се движеле … Повеќе

Турски државјанин обвинет за фалсификување исправа

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против државјанин на Република Турција, осомничен дека сторил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 25 февруари при поднесување барање за привремен престој и на 11 мај при подигање на дозволата за привремен престој на … Повеќе

Две лица под истрага за разбојничка кражба

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 и за кривично дело – Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик, додека другото лице е осомничено за помагање при извршувањето на разбојничката кражба. … Повеќе

Во Ресен предложени парични казни за двајца непочитувачи на полицискиот час

Постапувајќи по поднесени кривични пријави, Основното јавно обвинителство Ресен поведе постапка против две лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. До Основниот суд Ресен поднесени се предлози за издавање казнени налози со кои за лицата се бараат парични казни во … Повеќе

Четири лица во Битола обвинети за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Битола денеска поднесе три предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 4 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Сите четири лица се обвинети за непочитување на Одлуката за забрана и посебен режим за движење … Повеќе

Извршен увид од јавен обвинител за пронајдено безживотно тело во Осој

Вчера попладне, на местото викано Осој во атарот на селото Чајлане, во близина на патот кон Националниот парк „Јасен“, полициски службеници пронашле безживотно човечко тело во распаѓање. Местото веднаш е обезбедено, а денеска, започнувајќи од утринските часови, извршен е увид на лице место од страна на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни … Повеќе

Се возеле со велосипеди низ Тетово за време на полицискиот час

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Тетово до Основниот суд – Тетово достави предлог за издавање казнени налози против двајца тетовци. Обвинетите вчеравечер околу 20:45 непочитувајќи ја забраната за движење за време на полицискиот час со велосипеди се движеле низ Тетово. На ул.Илинденска биле забележани од страна на полициски службеници и лишени од слобода. Двете … Повеќе

Казнени налози за седуммина прилепчани

Во текот на денешниот ден Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд Прилеп поднесе пет предлози за издавање казнени налози против седум лица кои го прекршиле полицискиот час и се движеле на различни локации низ Прилеп. Со своите дејствија сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став … Повеќе

Жител на Грчец обвинет за недозволено држење оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 40 години од Грчец за кривично дело  – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, кој неколку месеци беше недостапен на органите на прогонот, на 07.12.2019 година, на … Повеќе

Петмина обвинети во Ресен за непочитување на здравствените прописи

Против пет лица Основното јавно обвинителство Ресен поднесе предлози за издавање казнени налози до надлежен суд заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Во одвоени кривично-правни настани, за време на полицискиот час, обвинетите биле затекнати како се движат на различни локации во … Повеќе

Побарани парични казни за вкупно 53 лица во Скопје зарaди непочитување на полицискиот час

Вкупно 53 лица се опфатени со предлозите за издавање казнени налози што Основното јавно обвинителство Скопје ги поднесе денеска пред Основниот кривичен суд Скопје за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено во член 206 став 1 од Кривичниот законик. Сите обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и … Повеќе

Во Струга четвoрица обвинети за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка пред надлежен суд против четири лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Еден од обвинетите, на 1 мај за време на полицискиот час, бил затекнат при расправија со друго лице во дворот на здравствената … Повеќе

Велешкото обвинителство побара парични казни за девет лица

Основното јавно обвинителство Велес денеска поднесе предлози за издавање казнен налог против 9 лица осомничени за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите го прекршиле полицискиот час, па биле затекнати како се движат на различни локации, спротивно на Одлуката за забрана и … Повеќе

Побаран притвор за жител на Арачиново заради недозволено поседување оружје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 21-годишник, во својот дом во Арачиново, неовластено држел оружје и муниција – … Повеќе

Едно лице ја прекршило самоизолацијата, а тројца – полицискиот час во Радовиш

Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе предлози за издавање казнен налог против четири лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Еден обвинет не го пoчитувал Решението на Државниот здравствен и санитарен инспекторат со кое, како лице кое имало контакт со … Повеќе

Две лица се движеле низ Тетово за време на полицискиот час

Постапувајќи по доставените кривични пријави против две лица од с. Челопек и од с.Порој, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Тетово до Основниот суд-Тетово достави предлог за издавање казнени налози. Лицата во текот на вчерашниот ден биле забележани на различни локации како се движат низ градот. Со своите дејствија тие сториле кривично дело Непостапување според … Повеќе

Пет лица во Гостивар не го почитувале полицискиот час

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Гостивар, денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица кои не ја почитувале забраната за движење во изминатото деноноќие. На лицата им се става на товар дека движејќи се на различни локации во градот сториле кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член … Повеќе

Осуммина прилепчани обвинети за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно осум лица, кои не ги почитувале мерките на Владата донесени со цел спречување на заразната болест COVID-19. Спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, обвинетите за време на полицискиот час се движеле на различни … Повеќе

Жител на с.Враништа за време на полициски час се обидел да им избега на полициските службеници

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга до Основниот суд во Струга поднесе предлог за издавање на казнен налог против едно лице од с.Враништа. Лицето е обвинето дека сторило кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот не ја … Повеќе

Двајца жители на с.Погорци не го почитувале полицискиот час

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струга до надлежниот Основен суд во Струга достави предлог за издавање на казнен налог против две лица. Обвинетите за време на првомајскиот празник не ја почитувале забраната за движење и заедно со други лица биле затекнати од страна на овластените полициски службеници како се движат низ с. Подгорци. … Повеќе