ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Со Законот за заштита на личните податоци кој е lex generalis во оваа област, правото на заштита на личните податоци е инкорпорирано во нашиот правен систем со што е воспоставен нов концепт преку кој се нагласува важноста на ова право како едно од основните слободи и права на поединецот и како есенцијална вредност на секое модерно и технолошки развиено општество. Овој концепт подразбира заштита на приватноста и личниот интегритет на секој поединец, секогаш и секаде каде што се врши обработка на лични податоци.

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, како контролор и обработувач на збирки на лични податоци, ги применува одредбите на соодветниот закон и имплементира процедури за заштита на личните податоци. Притоа, назначен е офицер за заштита на лични податоци, а сите субјекти имаат право на пристап и исправка на сопствените лични податоци.

Офицер за заштита на лични податоци:

Билјана Арсовска

тел. +389 (02)3298-288

електронска пошта: jorm@jorm.org.mk

БАРАЊЕ 1(ПРИСТАП)

БАРАЊЕ 2(ИСПРАВКА)