Соопштенија

Во Штип предложени парични казни за шест лица

Основното јавно обвинителство Штип достави до Основниот суд Штип предлози за издавање казнени налози за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик, со кои од судија поединец во Основниот суд Штип побара на шест лица да им изрече парични казни во износ од по 50 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 10 евра во денарска противвредност.

Сите обвинети го сториле кривичното дело со непостапување по здравствените прописи  во одделни случаи. Тие се движеле пеш или со возила по градот, за време додека во сила бил полицискиот час, воведен со одлука на Владата на Република Северна Македонија​.