Соопштенија

Американски државјанин го нарушил полицискиот час во Скопје, поднесено обвинение

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 43-годишен државјанин на САД, кој на 28 мај се движел во општина Центар во часовите кога движењето на населението беше забрането како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.

Со ова странскиот државјанин сторил кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.​