Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Велес по вчерашното разбојништво во Велес во насока на утврдување на околностите на стореното кривично дело, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца скопјани и еден велешанец кој е недостапен на органите на прогонот. Сите три лица се осомничени дека сториле кривично дело Разбојништво од чл.237 од Кривичниот законик, а на првоосомничениот му се става на товар и кривично дело – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик.
Кривичен законик
Пречистен текст (заклучно со „Службен весник на РМ“ бр.55 од 2013) Изменувања и дополнувања на Кривичниот законик: „Службен весник на РМ“ бр.82 од 5.06.2013 „Службен весник на РМ“ бр.28 од 6.02.2014 „Службен весник на РМ“ бр.14 од 24.01.2014 „Службен весник на РМ“ бр.27 од 5.02.2014 „Службен весник на РМ“ бр.115 од 1.08.2014 „Службен весник на РМ“ … Повеќе