Арачиновец го чистел пиштолот што го поседувал без дозвола и ја повредил сопругата, поведена истрага

Арачиновец го чистел пиштолот што го поседувал без дозвола и ја повредил сопругата, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 68-годишен жител на Арачиново, осомничен дека сторил кривично дело –  Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1, како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи според … Повеќе

Притвор за албански државјанин осомничен за давање поткуп на Блаце

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и поднесе предлог за определување мерка притвор против 43-годишен државјанин на Република Албанија за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Давање поткуп по член 358 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 26 август, пристигнал на граничниот премин “Долно Блаце”, како заменски возач … Повеќе

Донесена наредба за ексхумација и обдукција за утврдување на причините за смртта на пациент од Берово

Основното јавно обвинителство Штип, по објавени информации на социјалните мрежи и во медиумите, оформи предмет по допрен глас со цел да ги утврди причините за смртта на пациент од Берово кој бил третиран во ЈЗУ Клиничка болница Штип. Надлежниот јавен обвинител издаде повеќе наредби до МВР-СВР Штип и до ОВР Берово со цел да се … Повеќе

Тракторист од Велес осомничен за напад врз полицајци

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице на возраст од 63 години за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста од чл.383 ст.2 в.в.ст.1 од Кривичниот законик. На 23 август, осомничениот нападнал двајца полициски службеници од СВР Велес, нанесувајќи им телесни повреди. … Повеќе

Притвор за дилер на кокаин од струмичко

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Доброшинци, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 20 август, на излезот од Струмица кон … Повеќе

Обвинение против скопјанец за противправно лишување од слобода и семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека сторило продолжени кривични дела – Противправно лишување од слобода од чл.140 ст.2 вв ст.1 вв со чл. 45 и Телесна повреда од чл.130 ст.2 вв ст.1 вв со чл. 45 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во периодот од 10.10.2021 година до 12.03.2022 … Повеќе

Соопштение

Јавното обвинителство во врска со наводите и извештајот презентирани на вчерашната прес конференција од неколку лица, меѓу кои и едно осомничено лице во врска со стечајот на „Еуростандард“ банка,  нагласува дека согласно Законот за кривична постапка, Јавното обвинителство е единствено надлежно да донесува наредба и да спроведува истражна постапка. Дел од наводите од оваа „приватна … Повеќе

Еден осомничен за загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци оформи предмет и поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 4 од Кривичниoт законик. Лицето, преку коментар на социјалната мрежа Фејсбук, упатил закана кон актуелниот градоначалник на Кавадарци дека „нема да умре од болест или старост“. Осомниченото лице претходно е осудувано за … Повеќе

Велешанец осомничен за разбојништво во гостилница

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице на возраст од 21 година за кривично дело –  Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот велешанец, на 16 август во вечерните часови, на терасата од гостилница во Велес, се доближил до оштетениот кој седел сам и … Повеќе

Се утврдуваат причините за несреќа на работно место во Неготино

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и екипа на ОВР Неготино извршија увид на лице место на патот Неготино-Дисан, каде денеска, при преземање работни активности на бандера за електрична енергија, по пад од корпа на висина од 5 метри, почина 61-годишен работник од Неготино. На увидот беше присутен и инспектор од Државниот инспекторат за труд … Повеќе

Истрага за грабнување бебе во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна скопјанка осомничена за кривично дело – Грабнување според член 141 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 16 август, во сутеренскиот дел на Градскиот трговски центар – Скопје, осомничената извршила грабнување на малолетно лице – новороденче … Повеќе

Јовески за Фокус: Незаконско постапување нема да толерирам!

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за неделникот „Фокус“ ги открива деталите за „обвинителската кавга“ околу претресот во Управата за финансиска полиција. Тој е дециден дека не ѝ се меша на обвинителката Русковска во предметите, туку дека се грижи за законското почитување на постапките, што е и негова законска надлежност. Останува на ставот дека … Повеќе

Иницирана постапка за дисциплинска одговорност на тројца јавни обвинители

Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот … Повеќе

Поведена постапка за проверка на наводите за пропусти при регистрација на здружение на граѓани

Основното јавно обвинителство Охрид денеска по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата на Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ – Охрид. Издадена е наредба до Централниот регистар за обезбедување на целокупната документација поврзана со регистрацијата на наведеното здружение. Од мај годинава, по поднесена кривична пријава од една … Повеќе

Истрага за измама на пациенти во приватна клиника

По утврдување на определени околности во текот на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во периодот од април 2020 година … Повеќе

Истрага против две лица за разбојништво во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени, на 4 август, влегле во … Повеќе

Турски државјанин осомничен за криумчарење на над 13 килограми злато на Табановце

Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по поднесена кривична пријава, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против турски државјанин со живеалиште во Скопје, кој е осомничен за кривично дело – Криумчарење од член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 55-годишник бил корисник на старосна пензија во Република Турција, додека во … Повеќе

Предложен притвор за осомничен за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 42-годишно лице за кое постои основано сомнение дека при вршење семејно насилство сторило продолжено кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. На 10 јули, пред зграда на булеварот „Јане Сандански“, осомничениот … Повеќе

Истрага за насилство врз семејство во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека ги сторило кривичните дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 и Насилство од член 386 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 36-годишник, на 2 август, на булеварот „Никола Карев“ … Повеќе