Истрага за продолжено кривично дело полов напад врз дете

Истрага за продолжено кривично дело полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот, на кого родителите му ги доверувале на чување … Повеќе

ОЈО Скопје назначи јавен обвинител за контакт за предмети поврзани со безбедноста на новинарите

Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски ја назначи јавната обвинителка од ОЈО Скопје Искра Хаџи Василева како лице за контакт во врска со предметите поврзани со безбедноста на новинарите, кои се во надлежност на Основното јавно обвинителство Скопје. Одлуката е донесена врз основа на заклучоците од состанокот на Бубевски со претставници … Повеќе

Расчистено убиство во Кавадарци, поведена истрага против една осомничена

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишна жена осомничена за кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека на 6 септември годинава осомничената лишила од живот 70-годишен маж од Кавадарци со кого била во блиски лични односи. По расправија во … Повеќе

Сузбиена меѓународна криминална група што продавала хероин

Денеска во раните утрински часови, по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници од Министерството за внатрешни работи спроведоа координирана акција на 4 локации на подрачјето на Тетово, Гостивар и Куманово. Во акцијата се лишени од слобода три лица и при извршените претреси се пронајдени … Повеќе

Откриен хероин во домот на битолчанец, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна потстапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот 26-годишник, на улицата „Ванче Јаневски“ во Битола, биле пронајдени 19 пакувања со вкупно 4,82 грама … Повеќе

Истрага за полов напад врз дете

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 71-годишник на 25 септември, во својот дом во Битола, извршил други … Повеќе

Татко осомничен за убиство на тримесечно бебе во Скопје

Oсновното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 44-годишник, кој при вршење семејно насилство го лишил од живот сопственото дете, со што сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Ноќта меѓу 25 и 26 септември, додека осомничениот бил во домот со четири малолетни деца, … Повеќе

Двајца осомничени за разбојништво во кумановско

Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по поднесена кривична пријава против две лица, на возраст од 41 и 34 години, донесе Наредба за спроведување истражна постапка поради основано сомнение дека двајцата соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 238 став 4 во врска став  од Кривичниот законик. На 21 септември, осомничените, затечени во кражба во … Повеќе

Еден осомничен за посредување во вршење проституција на малолетна девојка од Кавадарци

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник осомничен за кривично дело  – Посредување во вршење проституција од член 191 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во текот на последните два месеца, осомничениот ја врбувал и наведувал на проституција неговата малолетна девојка, така што преку … Повеќе

Предложен притвор за осомничен за разбојништво со смртни последици во скопското село Глуво

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 52-годишен жител на Прилеп поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 5  и став 4  во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, заедно со уште две други лица кои до овој момент не се идентификувани, … Повеќе

Полугодишен извештај за работата на Канцеларијата за врски на Република Северна Македонија во Европравда

Полугодишен извештај за функционирањето на канцеларијата за врски на Република Северна Македонија во Европравда за 2021 година

Обвинение за несовесно работење на поранешен јавен обвинител

Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот суд поднесе обвинение против поранешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид за продолжено кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во периодот од 19 ноември 2013 година до … Повеќе

Увид на лице место во Гостивар, пронајдено лице со прострелна рана во главата

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на лице место во близина на семејна куќа на улицата „Гоце Делчев“ во Гостивар, каде синоќа беше пронајдено безживотно тело на машко лице на возраст од 28 години со прострелна рана во главата. Починатиот бил однесен во Ургентниот центар во Гостивар од неговиот татко и … Повеќе

Две лица осомничени за набавка на синтетички дроги со криптовалути

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица затоа што постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничената 37-годишна скопјанка и осомничениот 29-годишен скопјанец, кои што живееле во … Повеќе

Јовески на тркалезна маса „Превенција и следење на корупцијата во судството“

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска се обрати на тркалезната маса “Превенција и следење на корупцијата во судството“ во организација на Судскиот совет на РСМ. Учесниците во дискусијата разговараа за Програмата со акциски план за следење и првенција на корупцијата во судството што ја изготви Судскиот совет, во рамките на MATRA проектот … Повеќе

Истрага за марихуана пронајдена во автомобил на наплатна станица Сопот

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 38 години за кое постои основано сомнение за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 14 септември, осомничениот неовластено набавил 489,4 грама … Повеќе

Бугарски државјани осомничени за измама во Скопје, предложен притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против маж и жена, државјани на Република Бугарија за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Измама од член 247 став 3 во врска со став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата соизвршители, со намера за себе да прибават противправна … Повеќе

Истрага за силување на малолетничка во прилепско

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, на возраст од 21 година, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Силување од член 186 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 13 септември, во непосредна близина на мостот пред селото Селце, со … Повеќе

Починатиот маж во Кавадарци бил лишен од живот, се трага по сторителите

Првичниот наод од обдукцијата врз телото на починат маж, кое беше пронајдено во семејна куќа во Кавадарци на 8 септември, покажа дека починатиот бил лишен од живот со повеќе убодни рани, а потоа бил запален. Со оглед на утврдените факти, Основното јавно обвинителство Кавадарци презема интензивни дејствија за откривање на сторителот или сторителите. Веднаш по … Повеќе

Скопјанец осомничен за повеќекратно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело –  Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. На 9 септември, пред средно училиште и кафе … Повеќе