Скопјанка осомничена за измама

Скопјанка осомничена за измама

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишна скопјанка која е осомничена дека сторила кривично дело – Измама од член 247 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничената, која претходно е осудувана и против која се водат и други постапки за слични кривични дела, лажно се претставувала како вработена во Министерството … Повеќе

Мерки на претпазливост за осомничен за примање поткуп

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 24-годишник од Дебар за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6  во врска со став 2 и став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во септември и октомври 2022 година, како вработен на Универзитетската … Повеќе

Велешанец се обидел да лиши од живот жена во полициска станица, одреден притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен велешанец, осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. На 17 октомври, во полициска станица во Велес, тој се обидел да лиши од живот една жена која … Повеќе

Истрага против велешанец кај кого беше пронајдена марихуана

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лице на возраст од 36 години, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во својот дом  во Велес, осомничениот неовластено … Повеќе

Управител и фирма осомничени за злоупотреба на постапка за јавна набавка

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело – Злоупотреба на постапката на јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство од член 275-в од Кривичниот законик. Осомничениот управител преку правното лице во 2018 година свесно ги повредил прописите … Повеќе

Скопјанец осомничен за илегална трговија со кокаин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен скопјанец откако полициски службеници во неговиот автомобил пронашле 1109, 93 грама кокаин. Дрогата била пронајдена при претрес на автомобилот на 13 октомври, при што полицијата пронашла и дигитална вага со траги од наркотична дрога. Со ова постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично … Повеќе

Жител на Бродец осомничен за измами

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 52-годишен жител на Бродец, осомничен дека сторил четири различни кривични дела – Измама од член 247 од Кривичниот законик. На 23 септември тој измамил жител на селото Палчиште, ветувајќи му дека ќе му помогне да извади возачка дозвола, а за услугата побарал и добил надомест од 1.450 евра. … Повеќе

Поведена постапка против дилер на кокаин од Арачиново

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 23-годишник, во повеќе наврати, на различни локации во Скопје и на различни лица-сведоци им продавал … Повеќе

Истрага за продолжено кривично дело полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот, на кого родителите му ги доверувале на чување … Повеќе

ОЈО Скопје назначи јавен обвинител за контакт за предмети поврзани со безбедноста на новинарите

Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски ја назначи јавната обвинителка од ОЈО Скопје Искра Хаџи Василева како лице за контакт во врска со предметите поврзани со безбедноста на новинарите, кои се во надлежност на Основното јавно обвинителство Скопје. Одлуката е донесена врз основа на заклучоците од состанокот на Бубевски со претставници … Повеќе

Расчистено убиство во Кавадарци, поведена истрага против една осомничена

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишна жена осомничена за кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека на 6 септември годинава осомничената лишила од живот 70-годишен маж од Кавадарци со кого била во блиски лични односи. По расправија во … Повеќе

Сузбиена меѓународна криминална група што продавала хероин

Денеска во раните утрински часови, по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници од Министерството за внатрешни работи спроведоа координирана акција на 4 локации на подрачјето на Тетово, Гостивар и Куманово. Во акцијата се лишени од слобода три лица и при извршените претреси се пронајдени … Повеќе

Откриен хероин во домот на битолчанец, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна потстапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот 26-годишник, на улицата „Ванче Јаневски“ во Битола, биле пронајдени 19 пакувања со вкупно 4,82 грама … Повеќе

Истрага за полов напад врз дете

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 71-годишник на 25 септември, во својот дом во Битола, извршил други … Повеќе

Татко осомничен за убиство на тримесечно бебе во Скопје

Oсновното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 44-годишник, кој при вршење семејно насилство го лишил од живот сопственото дете, со што сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Ноќта меѓу 25 и 26 септември, додека осомничениот бил во домот со четири малолетни деца, … Повеќе

Двајца осомничени за разбојништво во кумановско

Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по поднесена кривична пријава против две лица, на возраст од 41 и 34 години, донесе Наредба за спроведување истражна постапка поради основано сомнение дека двајцата соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 238 став 4 во врска став  од Кривичниот законик. На 21 септември, осомничените, затечени во кражба во … Повеќе

Еден осомничен за посредување во вршење проституција на малолетна девојка од Кавадарци

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник осомничен за кривично дело  – Посредување во вршење проституција од член 191 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во текот на последните два месеца, осомничениот ја врбувал и наведувал на проституција неговата малолетна девојка, така што преку … Повеќе

Предложен притвор за осомничен за разбојништво со смртни последици во скопското село Глуво

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 52-годишен жител на Прилеп поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 5  и став 4  во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, заедно со уште две други лица кои до овој момент не се идентификувани, … Повеќе

Полугодишен извештај за работата на Канцеларијата за врски на Република Северна Македонија во Европравда

Полугодишен извештај за функционирањето на канцеларијата за врски на Република Северна Македонија во Европравда за 2021 година

Обвинение за несовесно работење на поранешен јавен обвинител

Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот суд поднесе обвинение против поранешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид за продолжено кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во периодот од 19 ноември 2013 година до … Повеќе