Осомничено лице за загрозување на сигурноста на јавни обвинители и дипломати

Осомничено лице за загрозување на сигурноста на јавни обвинители и дипломати

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 56-годишен битолчанец, осомничен за кривично дело – Загрозување лица под меѓународна заштита од член 420 став 4 во врска со став 1 и две кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот … Повеќе

Истрага за пронајдена марихуана во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен жител на Слупчане за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 31 јануари, во својот автомобил, осомничениот неовластено заради продажба држел вкупно 31,67 грама наркотична … Повеќе

Средба Хајурлахи-Тупанчески

Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи денеска оствари протоколарна средба со министерот за правда д-р Никола Тупанчески. На средбата се разговараше за севкупните состојби во Вишото јавно обвинителство Скопје, како и во основните јавни обвинителства на подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје. Хајрулахи и Тупанчевски на средбата договорија соработката да продолжи … Повеќе

Татко и син обвинети за насилство за паркинг место

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 34-годишен гостиварец и неговиот 64-годишен татко, кои се товарат за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Грубото насилство го извршиле на 01.10.2021 година, кога телесно повредиле едно … Повеќе

Четворица мажи во Гостивар обвинети за насилство врз две жени

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против четири лица за кривично дело насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 22.06.2021 година, четворицата жители на гостиварската населба Циглана, извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста, телесно повредувајќи две жени. Откако една од жените дошла … Повеќе

Истрага за разбојништво во продавница во Негорци

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 29.12.2021 година, осомничениот се маскирал со црна фантомка на лицето и со женски хулахопки на рацете и влегол … Повеќе

Обвинение за убиство на миг во Велес

Основното јавно обвинителство Велес, по спроведена постапка, поднесе Обвинителен предлог против 23-годишна велешанка за кривично дело – Убиство на миг од член 125 од Кривичниот законик. Обвинетата, на 29.09.2021 година, во семејната куќа во која живеела, доведена без своја вина во состојба на силна раздразнетост како последица на семејно насилство, го лишила од живот на … Повеќе

Двајца осомничени за обљуба врз немоќно лице

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против две лица кои се осомничени дека сториле по едно кривично дело – Обљуба врз немоќно лице согласно член 187 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Оштетената 15-годишна девојка преку социјална мрежа се запознала со едниот осомничен, 18-годишен жител на селото Рашче, … Повеќе

Истрага за пронајдена марихуана во Равен

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишен жител на селото Равен за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во текот на јануари, осомничениот набавил одредено количество наркотична … Повеќе

Јовески за РСЕ: Пожарот во Тетово почнал при реанимација на пациент

Сегашните вештачења и докази со кои ние располагаме говорат дека пожарот во Тетовската модуларна болница е избиен во моментот кога се врши реанимација на еден од пациентите во оваа болница, вели државниот обвинител Љубомир Јовески во интервју за РСЕ. Целосното интервју во видеото подолу.

Обвинение за предизвикувач на сообраќајна несреќа во Гостивар

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Имено, 39-годишниот гостиварец, на 13.04.2021 … Повеќе

Притвор за осомничен за полов напад врз сопствената малолетна сестра

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишен жител на селото Дреново, осомничен дека сторил кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Осомничениот искористил момент додека бил сам во домот со неговата 11-годишна сестра, па врз неа извршил други полови дејствија. Јавниот обвинител до судијата на … Повеќе

Истрага и предлог за притвор за осомничениот за сообраќајната несреќа во Ново Лисиче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. На 26 јануари околу полноќ, осомничениот управувал автомобил „Рено … Повеќе

Истрага за полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. На 14 јануари, осомничениот жител на Кратово извршил обљуба врз 12-годишно девојче од пробиштипското село Трипатанци. За да го принуди девојчето на сексуални … Повеќе

Увид и издадени наредби за расчистување на сообраќајна несреќа кај мостот „Гоце Делчев“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа во близина на мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје. Првичните сознанија упатуваат дека до несреќата дошло кога автомобил марка БМВ со кумановски регистарски ознаки удрил во пешак кој ја преминувал улицата во непосредна … Повеќе

Извршен увид на местото на сообраќајна несреќа во Скопје

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа која се случи околу полноќ во Ново Лисиче, на сервисна улица во близина на трговскиот центар „Лиса“. Според првичните сознанија, до несреќата дошло при судар на два автомобили – „Рено“ управувано од 21-годишен скопјанец и „Фолксваген поло“ со кое управувал … Повеќе

Средба Јовески-Тупанчески

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска оствари средба со министерот за правда Никола Тупанчески. На средбата, меѓу другото, се разговараше за измената на повеќе закони кои во претстојниот период треба да овозможат непречено функционирање на работата на јавните обвинителства. Освен ова, Јовески и Тупанчески дискутираа за неопходноста за кадровска доекипираност и финансиска … Повеќе

Истрага против дилер од Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 43-годишен жител на скопско Јурумлери, осомничен за кривично дело – Неовлстено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот на 20 јануари биле пронајдени … Повеќе

Предложен притвор за возачот осомничен за тешката сообраќајна несреќа кај Сити мол

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна … Повеќе

Увид на местото на тешка сообраќајна несреќа во Карпош

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа во близина на трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје, во која животот го загуби едно лице, а уште едно беше повредено. Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога патнички автомобил „Цитроен Ц4“, управуван од лице на возраст од 22 … Повеќе