Тетовското обвинителство поведе истрага за тешки дела против општата сигурност

Тетовското обвинителство поведе истрага за тешки дела против општата сигурност

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на селото Теново за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против општата сигурност според член 292 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот претходно во неколку наврати телефонски се заканувал на семејство во селото, а … Повеќе

Двајца осомничени за тешка кражба во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени дека сториле кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 2 во врста со став 1 точка 1 и во врска со член 22 (соизвршителство) од Кривичниот законик. На точно неутврден датум во периодот меѓу 23.02.2020 година и 12.07.2021 година, … Повеќе

Средба на Јовески со Бомгартнер и Дибост

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска се сретна со францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер и со судијата за врски за регионот на Југоисточна Европа Фредерика Дибост. На средбата се разговараше за активностите на Јавното обвинителство по отпочнувањето на примената на новиот Закон за јавното обвинителство, за планираните измени во Законот за … Повеќе

Скопјанец осомничен за обид за разбојништво во аптека

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен скопјанец, осомничен дека извршил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик. На 22 февруари, на улицата „Борис Трајковски“ во Скопје, осомничениот влегол во аптека и од вработената побарал да му ги даде … Повеќе

Истрага за убиство во Битола, побаран притвор за осомничениот

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 21 феавруари, со умисла го лишил од живот неговиот зет за ќерка. Според првичните сознанија, сега починатиот, вооружен со долг нож, … Повеќе

Жител на Врапчиште осомничен за лажен исказ пред суд

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице на возраст од 44 години за кривично дело – Давање лажен исказ од член 367 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 19.10.2021 година, дал лажен исказ пред судот, јавувајќи се во својство на сведок-оштетен на … Повеќе

Поднесено обвинение за тешката сообраќајна несреќа во скопски Карпош

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 20 јануари, како учесник во … Повеќе

Обвинение против двајца препродавачи на марихуана од Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против двајца 33-годишни гостиварци за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. По спроведена истражна постапка, надлежниот јавен обвинител утврди дека двајцата обвинети соизвршители на 31.12.2021 година … Повеќе

Завршен настан на Твининг проектот „Градење на институционалниот капацитет на Истражниот Центар“ финансиран од ЕУ

Неопходна е координација и соработка помеѓу Јавното обвинителство и другите домашни и меѓународни институции во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Потврда за тоа е и вчерашната координирана акција на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и органите на прогон на Белгија и Холандија, во рамките на која беше разоткриена криминална … Повеќе

Загрозување на сигурноста со опасно орудие во гостиварско, поднесено обвинение

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог протв 40-годишен жител на Форино кој се товари дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, предвидено во член 133 од Кривичниот законик. На 27.10.2021 година, на регионалниот пат Чегране-Форино, обвинетиот при караница посегнал по опасно орудие со кое може телото тешко да … Повеќе

Десетмина обвинети за пустошење шуми во гостиварско

Против вкупно 10 лица Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог за продолжени кривични дела – Пустошење шума, Кражба и Измама. Во временскиот период од 2017 и 2018 година, во повеќе наврати, обвинетите како соизвршители, исекле поголемо количество дрва од туѓа шума во атарот на селото Падалиште. На тој начин тие ја опустошиле шумата, бесправно … Повеќе

Обвинение за бесправно изградени бунгалови во Маврово

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против две физички и едно правно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а од Кривичниот законик. Обвинетите, татко и ќерка, државјани на Република Косово, како и правното лице во кое управител била ќерката, во периодот од 10.07.2021 до 20.09.2021 година, без одобрение за градба издадено … Повеќе

Двајца струмичани под истрага, пренесувале марихуана на патот Ресен-Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Струмица, осомничени за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата соизвршители, на 8 февруари, од засега непознати лица, … Повеќе

Скопјанец осомничен за две тешки кражби

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 53-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил две кривични дела – Тешка Кражба по член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи … Повеќе

Истрага за откриен хероин во автобус на Табановце, притвор за едно лице

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на скопското село Никиштане, осомничен за кривично дело –  Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 2 февруари, на излез од државата на граничниот премин Табановце, тој неовластено … Повеќе

Обвиненија за тешки кражби во гостиварско

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителни предлози против две лица, од кои едното извршило, а другото се обидело да изврши кривично дело – Тешка кражба предвидено во член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Во првиот предмет, 49-годишен жител на селото Врапчиште е обвинет дека на 29.09.2021 година влегол во незаграден двор на … Повеќе

Средба Бубевски-Тупанчески

Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски оствари средба со министерот за правда д-р Никола Тупанчески. На средбата се разговараше за потребите на Основното јавно обвинителство Скопје, како обвинителство со најголем обем на предмети во државата. Од тој аспект беа разгледани можностите за техничка поддршка за опремување на истражниот центар во ова … Повеќе

Осомничено лице за загрозување на сигурноста на јавни обвинители и дипломати

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 56-годишен битолчанец, осомничен за кривично дело – Загрозување лица под меѓународна заштита од член 420 став 4 во врска со став 1 и две кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот … Повеќе

Истрага за пронајдена марихуана во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен жител на Слупчане за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 31 јануари, во својот автомобил, осомничениот неовластено заради продажба држел вкупно 31,67 грама наркотична … Повеќе

Средба Хајурлахи-Тупанчески

Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи денеска оствари протоколарна средба со министерот за правда д-р Никола Тупанчески. На средбата се разговараше за севкупните состојби во Вишото јавно обвинителство Скопје, како и во основните јавни обвинителства на подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје. Хајрулахи и Тупанчевски на средбата договорија соработката да продолжи … Повеќе