Поднесено обвинение за гостиварецот кој ја загрози сигурноста на неговото семејство

Поднесено обвинение за гостиварецот кој ја загрози сигурноста на неговото семејство

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинетиот 43-годишен гостиварец, вршејќи семејно насилство, во повеќе наврати, со телефонски јавувања и СМС пораки, се заканувал на … Повеќе

Обвинение за насипување земја и за загадување на Охридското Езеро

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен акт против четири лица за узурпација на недвижност и загадување на животната средина и природата. Првообвинетиот, на 03.03.2021 година, зазел туѓа недвижност која со член 16 од Законот за сопственост и други стварни права е прогласена за добро во општа употреба, а со членовите 1 и 2 од Законот … Повеќе

Истрага за пронајдена марихуана во Велес

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 29 години поради постоење на основано сомневање дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот велешанец, на 11 март, неовластено заради продажба … Повеќе

Четворица осомничени за тешки кражби во прилепско

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 став 1 и член 22 од Кривичниот законик. Лицата на возраст од 33, 30, 40 и 19 години, се … Повеќе

Обвинение за убиство во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство според член 123 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на возраст од 46-години, лишил од живот едно лице, нанесувајќи му два убоди со нож во пределот на градите. Настанот се случил на 15.11.2021 година, при меѓусебна тепачка на обвинетиот со … Повеќе

Потпишани договорите за интероперабилност на повеќе институции, меѓу кои и Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска беше еден од потписниците на договорот за интероперабилност меѓу Министерството за правда и групата институции: Министерство за внатрешни работи, Јавно обвинителство на Република Македонија, Државна комисија за спречување на корупцијата, Агенција за цивилно воздухопловство М-НАВ, Управа за финансиска полиција, Управа за финансиско разузнавање, Централен регистар, Царинска … Повеќе

Зајакнување на институционалната комуникација меѓу Јавното обвинителство и Државниот завод за ревизија

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски потпишаа Меморандум за зајакнување на меѓуинституционалната комуникација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Државниот завод за ревизија. Целта на документот е подобрување на квалитетот и начинот на меѓусебната соработка и комуникација заради навремено, целисходно и ефикасно постапување по … Повеќе

Гостиварец осомничен за загрозување на сигурноста при семејно насилство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинителството постапува по кривична пријава против 43-годишниот гостиварец, кој во … Повеќе

Обвинение против дилер на дрога во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 20-годишен жител на селото Равен против кого се водеше истражна постапка за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на обвинетиот на 29 јануари, полициски службеници … Повеќе

Поведена постапка за серија кражби во Битола

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице од Ресен за кое постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик. Преку временски поврзани дејствија во периодот од 01.03.2022 година до 06.03.2022 година, во вкупно … Повеќе

Средба на јавните обвинители Хајрулахи и Бубевски со директорот на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија

По иницијатива на директорот на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија Илбер Села, се одржа работна средба помеѓу Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи, Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски и претставници на Агенцијата. На средбата се … Повеќе

Обвинение за неплаќање акциза во Велес

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Oбвинителен акт против 48-годишен жител на Тетово за кривично дело – Избегнување на плаќање акциза од член 279-б став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На обвинетиот му се става на товар дека вo текот на 2019 година, како управител на фирма од Велес, чија приоритетна дејност е … Повеќе

Постапка против еден осомничен за разбојништво во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осмничениот 23-годишник, заедно со уште три засега непознати лица, извршиле разбојништво врз еден оштетен граѓанин, кој со својот автомобил … Повеќе

Предлог на Вишото јавно обвинителство Скопје во врска со жалбите во предметот „Таргет-Тврдина“

Пред Апелациониот суд Скопје денеска се одржа јавна седница по повод изјавените жалби на обвинетите по сите основи и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по повод изречените кривични санкции и казни, против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во предметот познат во јавноста како  „Таргет – Тврдина“. На седницата, јавниот обвинител … Повеќе

Притвор и истрага против дилер од Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен битолчанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во дворното место на куќа во која никој не живеел, а … Повеќе

Воспитувачка во детска градинка во Скопје обвинета за насилство врз дете

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете од член 201-а од Кривичниот законик. На 01.09.2021 година, обвинетата 48-годишна воспитувачка во детска градинка во Автокоманда извршила физичко насилство спрема дете оставено на грижа и чување во објектот. Додека … Повеќе

Истрага за неовластена трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје

Против 42-годишен скопјанец Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи постои основано сомнение дека тој сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Откако на точно неутврден датум во текот на месец февруари набавил одредено … Повеќе

Обвинение за тешка телесна повреда по расправија за паркинг место

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 35-годишен жител на селото Беловиште, кој се товари за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 07.08.2021 година, по претходна вербална расправија за паркинг место во Гостивар, започнал физичка пресметка со едно оштетено лице од селото Србиново, удирајќи … Повеќе