Татко под истрага за полови дејствија спрема сопствената малолетна ќерка

Татко под истрага за полови дејствија спрема сопствената малолетна ќерка

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишник за кого постои основано сомнение дека подолг временски период вршел други полови дејствија спрема неговата ќерка родена во 2016 година. Постои сомнение дека тој во повеќе наврати, во текот на 2022 и 2023 година, искористувајќи што со девојчето живеел во иста семејна заедница, … Повеќе

Објавен извештајот на Јавното обвинителство за примена на посебни истражни мерки во 2022 година

Во текот на 2022 година удвоен е бројот на лица опфатени со посебните истражни мерки во однос на претходната година, а благ нагорен тренд се забележува и кај бројот на предмети опфатени со вакви мерки, покажува Извештајот за примена на посебните истражни мерки во текот на 2022 година што го објави Јавното обвинителство и го … Повеќе

Двајца браќа осомничени за нанесување тешка телесна повреда

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка двајца браќа на возраст од 39 и 42 години, поради основано сомнение за сторено кривично дело – Тешка телесна повреда по член 131 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 12 август, двајцата осомничени со умисла тешко телесно повредиле едно лице … Повеќе

Соопштение

Јавното обвинителство и тимот од јавни обвинители кои работеа на предметот поврзан со пожарот во тетовската модуларна болница ги отфрлаат наводите во емисијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) кои се однесуваат на текот на истрагата за овој случај. Со очигледна цел за неоснована дискредитација и без никаков реален интерес да се презентира вистината, во емисијата … Повеќе

Поведена постапка против двајца дилери во Струга и во Тетово

Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. Кај 32-годишниот стружанец полицијата пронашла околу еден килограм марихуана, која ја носел со себе во картонска кутија. … Повеќе

Скопјанец осомничен за помагање при убиство

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека помагало при извршување на кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со став 1 и во врска со член 24 од Кривичниот законик. Осомничениот 31-годишен скопјанец, на 18 февруари во … Повеќе

Притвор за осомничен за силување дете во гевгелиско

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице со двојно македонско и холандско државјанство, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 4 август, во неговата куќа во гевгелиско, … Повеќе

Поведена истрага за тешка сообраќајна несреќа во Скопје, двајца возачи се осомничени

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.2 в.в чл.297 ст.1 од Кривичниот законик и за него е доставен предлог за определување мерка куќен притвор. Во врска … Повеќе

Мерки на претпазливост за осомничени за учество во физичка пресметка со бугарски навивачи во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Предлог за определување мерки на претпазливост против четири лица за кои е поведена постапка за учество во инцидентот кај трговскиот центар „Чаирчанка“ во кој беше повреден еден бугарски државјанин. Постои основано сомнение дека лицата на возраст од 28 до 32 години учествувале во физичка … Повеќе

Предложен притвор за осомничен за обид за убиство на полициски началник во Струга

Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 44 години, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 8 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот се обидел да лиши од живот лице кое врши … Повеќе

Две лица осомничени за недозволена трговија со марихуана

Поради основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица. На 26 јули, осомничениот 47-годишен жител на струмичкото село Банско договорил со пријател да … Повеќе

Стружанец нападнал полицајци во полициска станица, предложен притвор

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 30-годишник осомничен за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 26 јули, влегол во просториите на ОВР Струга и на полициските службеници започнал да им вика и да … Повеќе

Се постапува за расчистување на настанот со повреден бугарски навивач кај ТЦ “Чаирчанка”

Основното јавно обвинителство Скопје е известено за настанот и ги издава сите потребни наредби и насоки за идентификација на лицата кои учествувале во инцидентот во кој вчера беше повреден еден навивач на фудбалскиот клуб “Левски” од Софија. Според првичните сознанија, до настанот дошло додека навивачи на ФК “Левски” со две возила со бугарски регистарски ознаки … Повеќе

Четворица членови на едно семејство обвинети за држење и пренесување марихуана

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Еден од обвинетите се гони и за кривично дело … Повеќе

Еден осомничен за нанесување тешка телесна повреда во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 24 јули пред куќа на улицата „Сотир Брбевски“ во Битола, без особен повод или причина, со нож прободел и расекол едно лице во абдоменот, нанесувајќи … Повеќе

Истрага за задоволување полови страсти пред друг

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 63-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил три кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот законик, од кои едното полово дејствие го извршил пред дете кое наполнило 14 години. На 24 јули, патувајќи со воз, во близина … Повеќе

Извршен увид на местото на тешка сообраќајна несреќа кај Битола

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа со смртни последици на патот Прилеп-Ресен. Според првичните наоди при увидот, до несреќата дошло при директен судар на автомобил Опел корса со битолски регистарски ознаки и товарно возило со штипски регистарски ознаки. Во сударот животот го загубил 24-годишниот возач … Повеќе

Предложен притвор за лице барано со меѓународна потерница

Основното јавно обвинителство Струга до Основниот суд во Струга достави предлог за определување притвор против 35-годишен државјанин на Република Албанија за кого од 31 мај е издадена меѓународна потерница со барање за апсење од Интерпол Брисел, Белгија. Странскиот државјанин на 22 јули бил лишен од слобода на граничниот премин Ќафасан-Струга. Белгиските власти го бараат за … Повеќе

Расчистени кражби во цркви, поведена постапка против едно лице

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 22-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил три кривични дела – Тешка кражба по чл.236 ст.1 т.1, едно кривично дело – Тешка кражба по чл.236 ст.1 т.3  и едно кривично дело – Кражба по чл.235 ст.1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во периодот од 19.06.2023 до 16.07.2023 … Повеќе