Извршен увид на местото на сообраќајна несреќа во Скопје

Извршен увид на местото на сообраќајна несреќа во Скопје

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа која се случи околу полноќ во Ново Лисиче, на сервисна улица во близина на трговскиот центар „Лиса“. Според првичните сознанија, до несреќата дошло при судар на два автомобили – „Рено“ управувано од 21-годишен скопјанец и „Фолксваген поло“ со кое управувал … Повеќе

Средба Јовески-Тупанчески

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска оствари средба со министерот за правда Никола Тупанчески. На средбата, меѓу другото, се разговараше за измената на повеќе закони кои во претстојниот период треба да овозможат непречено функционирање на работата на јавните обвинителства. Освен ова, Јовески и Тупанчески дискутираа за неопходноста за кадровска доекипираност и финансиска … Повеќе

Истрага против дилер од Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 43-годишен жител на скопско Јурумлери, осомничен за кривично дело – Неовлстено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот на 20 јануари биле пронајдени … Повеќе

Предложен притвор за возачот осомничен за тешката сообраќајна несреќа кај Сити мол

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна … Повеќе

Увид на местото на тешка сообраќајна несреќа во Карпош

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа во близина на трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје, во која животот го загуби едно лице, а уште едно беше повредено. Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога патнички автомобил „Цитроен Ц4“, управуван од лице на возраст од 22 … Повеќе

Соопштение

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески заедно со Бодан Лазаревски и Џељаљ Бајрами, јавни обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, денеска примија во посета група студенти на Клиниката за човекови права од Школата за напредни меѓународни студии при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД. Посетителите на Клиниката за човекови права од Генерацијата … Повеќе

Истрага за разбојништво во бензинска пумпа

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Разбојништво согласно член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата соизвршители на возраст од 25 и 22 години, … Повеќе

Две лица обвинети за тешка кражба од автобуска станица во Гостивар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против две лица, од кои едното се товари за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 од Кривичниот законик, додека другото е обвинето за помагање при извршување на истото кривично дело. Обвинетата 28-годишна жителка на селото Вруток, на 07.09.2021 … Повеќе

Годишна сметка на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија за 2020 година

ГОДИШНА СМЕТКА НА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (15) – Биланс на приходи и расходи 15 – Биланс на состојба 15 – Даночен биланс 15 – Извештај 15 – Одлука 15 – Посебни податоци 15 – Структура на приходи по дејност 15 ГОДИШНА СМЕТКА НА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (17) – Биланс … Повеќе

Основното јавно обвинителство Гостивар гони двајца браќа за тешка телесна повреда

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против две лица од село Добридол кои како соизвршители сториле кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. На 02.05.2021 година, пред угостителски објект во селото, тие со умисла тешко телесно повредиле едно лице … Повеќе

Истрага за поседување психотропни супстанции и оружје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 став 1, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи согласно … Повеќе

Двајца гостиварци под истрага за пронајдена марихуана

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата гостиварци … Повеќе

Обвинение за обид за тешка кражба од гроб во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Обвинителен предлог против три лица кои се товарат дека како соизвршители се обиделе да извршат кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка1 во врска со член 19 и член 22 од Кривичниот законик. Двајца 30-годишници и едно лице на возраст од 32 години, сите од Куманово, … Повеќе

Интервју на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески за МИА

Свесен сум за перцепцијата во јавноста оти Обвинителството е под влијание на политиката и определени моќници, но цело време се залагам и уверен сум дека обвинителите сами ги носат своите одлуки без надворешни влијанија, изјави Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во новогодишното интервју за државната агенција МИА. Во интервјуто, Јовески се осврнува … Повеќе

Јовески за МИА: Ставот на Обвинителството беше да не се прифати гаранцијата за Мијалков

Да не се прифати понудената гаранција за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, беше ставот на Обвинителството во постапка што се водеше. Овој став, како што вели во интервју за МИА државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, произлегува од неколку причини. Не мало значење, според него, има и податокот дека за дел на имотот претходно е … Повеќе

Поднесено обвинение против дилер од Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 14 ноември, при претрес во домот на обвинетиот 39-годишен скопјанец во Бутел, беа пронајдени 23,55 грама психотропна … Повеќе

Матичар од Гостивар обвинет за злоупотреба на службена положба

Обвинителен предлог за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување според член 353 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик поднесе Основното јавно обвинителство Гостивар против 42-годишно службено лице – виш референт – матичар во Подрачна канцеларија Гостивар. Искористувајќи ист траен однос и исти прилики, обвинетиот, спротивно на одредбите … Повеќе