Малолетник осомничен за поседување дрога и експлозив

Малолетник осомничен за поседување дрога и експлозив

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави барање за поведување подговтителна постапка со предлог за определување мерка притвор спрема дете на возраст од 16 години за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни … Повеќе

Кадровските капацитети – клучен предизвик за Јавното обвинителство во 2022 година, оцени Јовески на средба со обвинителите

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска ја одржа традиционалната предновогодишна средба со шефовите на јавните обвинителства во државата. Заради условите диктирани од пандемијата и оваа година средбата се одржа онлајн. На средбата, обвинителите ја анализираа годината што изминува и разговараа за идните планови на институцијата. Обвинителите годинава имаа тешка задача, оцени Јовески. Од … Повеќе

Скопјанец осомничен за илегална трговија со хероин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен скопјанец, осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 24 декември, на булеварот „Босна и Херцеговина“ во Скопје, неовластено заради продажба држел кај себе … Повеќе

Предложена парична казна поради земјоделски субвенции добиени со измама

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд достави Предлог за издавање казнен налог против 41-годишна жителка на селото Топлице која сторила кривично дело – Измама при добивање кредит или друга погодност од член 249 од Кривичниот законик. Обвинетата, до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство … Повеќе

Поднесен обвинителен предлог за загрозување на сигурноста на полициски инспектор

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и поднесе Обвинителен предлог против 47-годишен Гостиварец кој се товари за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 2 октомври, додека се вршела акциска контрола во угостителски објект во близина на автопатот Гостивар-Тетово, обвинетиот повеќе пати се … Повеќе

​Истрага против дилер на кокаин од Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 22-годишник неовластено заради продажба кај себе држел 98,98 … Повеќе

Обвинение за силување во Гостивар

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Силување од член 186 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 31-годишен жител на Гостивар, на 27 јули, со употреба на сила и закана извршил обљуба врз девојка која во … Повеќе

Прилепчанец осомничен за разбојништва во аптеки

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32- годишен прилепчанец за кого постои основано сомнение дека извршил едно кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, како и дека се обидел да изврши уште едно исто такво кривично дело. На 13 декември, … Повеќе

Истрага и притвор за дилер на дрога од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен скопјанец поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Полициски службеници вчера извршиле претрес во станот во кој престојувал осомничениот на булеварот … Повеќе

Обвинение за загрозување на сигурноста и недозволено поседување оружје и муниција во Форино

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 59-годишен жител на Форино за кого постои сомнение дека го сторил кривичното дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 од Кривичниот законик. Тој е обвинет дека на 29.05.2020 година, при вршење семејно насилство,  ја загрозил сигурноста на својата сопруга и својата ќерка. Најпрвин, по … Повеќе

Двајца осомничени – пренесувале над 150 килограми дрога по автопатот Скопје-Велес

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка со која се опфатени две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Еден од осомничените се гони и за кривично дело … Повеќе

Јовески и Русковска на меѓународна конференција за правосудни реформи организирана од Јавното обвинителство на Република Бугарија

Владеењето на правото е една од темелните вредности на уставниот портедок на секоја демократска држава. Притоа, правото мора да биде еднакво достапно до секој граѓанин, а институциите да обезбедат тоа да важи за сите подеднакво, бидејќи селективната правда е најголема неправда, истакна денеска Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во онлајн обраќањето на … Повеќе

Лажен оџа од Кочани и негови соработници осомничени за полов напад врз дете и за измами во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Против истото лице, како и против двајца други осомничени соизвршители, поведена е постапка и за … Повеќе

Предизвикал тешка сообраќајна незгода и не укажал помош, поведена истрага против еден скопјанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна … Повеќе

Гостиварец при вршење семејно насилство телесно ја повредил сопругата, поднесено обвинение

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 32-годишен жител на Гостивар, при вршење семејно насилство во семејната куќа во гостиварската населба Циглана, телесно ја повредил неговата сопруга. На 17 … Повеќе

Јовески: Обвинителите и судиите треба да ја обезбедат еднаквоста на граѓаните пред законот – бавната правда е неправда

„Предизвикот на обвинителите и судиите во битката за обезбедување на владеењето на правото и еднаков пристап до правдата е секојдневен. Во таа битка тие често се критикувани и напаѓани“, истакна Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во синоќешното обраќање на свечениот настан по повод 15-годишнината од создавањето на Академијата за судии и јавни … Повеќе

Обвинение за бесправно градење во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 56-годишен гостиварец за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик. Од втората половина на 2018 година до 27 февруари 2019 година, на сопствено земјиште на улицата „Сретко Крстески“ во Гостивар, обвинетиот градел објект без одобрение за градење издадено од надлежен орган. … Повеќе

Син ја загрозил сигурноста на својот татко во Гостивар, поведена постапка

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против 27-годишен гостиварец за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство во семејната куќа на улицата „Мара Угринова“ во Гостивар, обвинетиот на 29 септември, ја загрозил сигурноста на сопствениот … Повеќе

Жител на Форино обвинет за неовластена трговија со хероин и метадон

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 59-годишен жител на Форино кој се товари дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 7 ноември, при личен преглед на обвинетиот и при претрес … Повеќе

Истрага против дилер на дрога од Велес, побаран притвор

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против еден велешанец за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик. Осомничениот, во дворот од куќата на неговата баба каде тој повремено престојувал, неовластено заради продажба држел 420,6 грама наркотична дрога … Повеќе