Интервју на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Јовески за бугарскиот канал БТВ

Интервју на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Јовески за бугарскиот канал БТВ

Тезата дека автобусот на „Беса транс“ пренесувал туби со гориво засега е шпекулација и во овој момент не може да се потврди, но конечните одговори треба да ги даде истрагата на бугарското обвинителство, изјави Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во онлајн гостувањето на утринската информативна програма „Тази сутрин“ на бугарскиот канал БТВ. … Повеќе

Јовески за 24 Анализа: Јавните обвинителства на Република Северна Македонија и на Република Бугарија директно ќе соработуваат за откривање на причините за несреќата

Заради што побрзо завршување на истрагата и утврдување на причините за тешката автобуска несреќа на автопатот „Струма“ во Република Бугарија ги ставивме на располагање сите капацитети на Јавното обвинителство и подготвени сме да помогнеме на секој начин, изјави Јавниот обвинител на Република Северна Македнија  Љубомир Јовески во синоќешното гостување на емисијата „24 Анализа“ на Телевизија … Повеќе

Обвинение за насилство во Гостивар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против три лица за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Тројцата обвинети, двајца мажи и една жена, на 3 јуни во група извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста на друг. Оштетениот се упатил … Повеќе

Гостиварското обвинителство поведе постапка за уништување електрични инсталации

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Уништување или оштетување јавни инсталации од член 291 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 9 август, управувајќи товарно моторно возило МАН, растоварал огревни дрва пред куќа во село Врапчиште, па зафатил и … Повеќе

Соопштение

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска денеска итно отпатуваа на местото на автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Република Бугарија, каде се сретнаа со директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов. На средбата, Јовески истакна … Повеќе

Тројца осомничени за обид за убиство на јавен обвинител

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против три лица – двајца полнолетни и еден малолетник, кои се осомничени за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 8 во врска со член 19 (во обид) и со член 22 (соизвршителство) од Кривичниот законик. Против двајцата полнолетни соизвршители донесена е Наредба за спроведување истражна … Повеќе

Над еден килограм марихуана пронајдени во дом во Скопје, еден осомничен

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот на улицата „Кленоец“, на 17 ноември, биле пронајдени 15 стаклени тегли и … Повеќе

Поведена постапка за убиство во Кавадарци

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со екипа на крим техника изврши увид на местото каде вчера со остар предмет едно лице беше лишено од живот. На 15 ноември 2021 година, околу 23:30 часот, по претходна вербална расправија на осомничениот со друго лице, оштетениот се обидел да ги смири и да ги раздвои. … Повеќе

Поведена истрага за дилер од Скопје

Истражна постапка против 39-годишен скопјанец поведе Основното јавно обвинителство Скопје, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 14 ноември, при претрес во домот на осомничениот во Бутел, биле пронајдени 23,55 грама психотропна … Повеќе

Обвинение за бесправно градење повеќекатница во Гостивар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 60-годишник, без претходно да прибави градежно-техничка документација, односно одобрение за градење, започнал да гради објект во Гостивар – градба од 5 ката со деловни простории … Повеќе

Во Гостивар обвинение за разбојник кој беше во бегство повеќе од две години

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Обвинетиот, кој до неодмана беше недостапен на органите на прогонот, делото го сторил во соизвршителство со две други лица, кои веќе … Повеќе

Внук осомничен за убиство на сопствената баба

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец, кој е осомничен дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. На 6 ноември, во семејниот дом на улицата „Никола Малешевски“, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од … Повеќе

Шестмина осомничени за насилство во Скопје

Основното јавно обвинитечство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица – петмина мажи и една жена, за кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека лицата на возраст од 19 до 42 години, на 12 ноември, … Повеќе

Притвор заради обид за убиство во Велес

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Велес на возраст од 73 години за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Имено, на 13.11.2021 година околу 19.45 часот, осомничениот при вршење семејно насилство, се обидел … Повеќе

Жител на Свети Николе осомничен за илегално производство на марихуана

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Имено, постои основано сомнение дека осомничениот жител на Свети Николе, во текот на 2021 година, на земјоделска површина … Повеќе

Гостиварец обвинет за напад врз полициски службеници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 49-годишен гостиварец, осомничен за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 1 од Кривичниот законик. На 4 август, обвинетиот нападнал двајца полициски службеници кои вршеле сообраќајна контрола на магистралниот пат Кичево Гостивар. Тој работел како … Повеќе

Еден осомничен за три разбојништва во спортски обложувалници во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило три кривични дела – Разбојништво и тоа две согласно член 237 став 4 и едно согласно член 237 став 1 од Кривичниот законик. Во два наврати, на 24 февруари и на 8 мај, осомничениот извршил … Повеќе

Две лица осомничени за измама и лажно претставување

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица од кои едното е осомничено дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека за другото постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Лажно претставување согласно член 391 став 1 од Кривичниот законик. Првиот … Повеќе

Работна средба за зајакнување на соработката меѓу Јавното обвинителство и Државниот завод за ревизија

Претставници на Јавното обвинителство предводени од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески вчера остварија работна средба со претставници на Државниот завод за ревизија предводени од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, во рамки на проектот „Поддршка за имплементација на комуникациската стратегија на Државниот завод за ревизија 2018-2022 година“, кој Државниот завод за ревизија … Повеќе

Американски државјанин осомничен за напад врз тројца полициски службеници

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 42-годишен државјанин на САД за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Утринава странскиот државјанин бил приведен во Полициската станица Кисела Вода поради претходно … Повеќе